5 години архив: Каталог што раскажува приказни за културата и традицијата на локално и пошироко ниво
На 20 ноември 2025 година, Народниот театар во Гевгелија беше полн со љубопитни посетители- љубители на културата и традицијата кои сакаат да доживеат автентично наследство. Повод беше промоцијата на Каталогот „5 години архив од збирка со етнолошки предмети“, издание на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија во соработка со Иван Кал’чев. Настанот се покажа како вистински мост меѓу минатото и …
Continue Reading
Јамалов: Буџетот за јавна безбедност драматично зголемен на 14,55 милијарди денари
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов, го презентира предлог-буџетот за Министерството за внатрешни работи за 2026-та година. Според него, станува збор за финансиски план со цел да ја модернизира полицијата и да ја подигне оперативната готовност на повисоко ниво, а со тоа да обезбеди поквалитетни услуги за сите. „Само во програмата „безбедност“, за идната година предвидени се 16,4 милијарди денари, што …
Continue Reading
Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови
Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски, по Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст што се одржува во Тирана, Албанија. „Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме …
Continue Reading
Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата
Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентираше резултати од анализата на капацитетите на сите јавни и приватни здравствени установи кои нудат услуги покриени од Фондот за здравствено осигурување. Граѓаните веќе можат на веб-страницата на „Мој термин“ да проверат во која институција какви лекари има, од кои има недостаток, …
Continue Reading
Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 година и е финансирана од …
Continue Reading
Управителка на фирма во Кичево наместо покрив доградила дополнителен кат и поткровје
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење …
Continue Reading
(Видео) Борбен авион се урна на аеромитинг во Дубаи
Индиски борбен авион „Теџас“ се урна денеска за време на аеромитинг во Дубаи, при што загина неговиот пилот, соопштија индиските воздухопловни сили (IAF). Борбениот авион летал на ниска надморска височина околу 14:15 часот по локално време пред да се сруши и да експлодира во огнена топка, според сведоци. Снимките од местото на настанот покажуваат црн чад што се издига од …
Continue Reading
Четворица скопјани пријавени за разбојништво – со сила и закана одзеле 188.600 денари и телефон
Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје – Б.Р. (25), Р.М. (49), Ш.М. (49) и В.Т. (27) – поради сомнение дека извршиле разбојништво, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година во Скопје, кога осомничените со употреба на физичка сила и закана со огнено оружје му одзеле на едно лице 188.600 …
Continue Reading
Групна изложба на осум хрватски уметници „Инфра ред – уметност на иднината“ во Скопје
Групна изложба на осум хрватски уметници: Дијана Назор Чорда, Ивана Ожетски, Марија Галиќ, Нада Жиљак, Јана Жиљак Гршиќ, Вилко Жиљак, Ивица Фиштер и Ивана Жиљак Станимировиќ со наслов „Инфра ред – уметност на иднината“ ќе биде отворена на 25 ноември, вторник, во Мала станица, со почеток во 20 часот. Куратор на изложбата е Санда Станаќев Бајзек. Во рамките на Годишната програма …
Continue Reading