(Видео) Франција обезбеди место на СП, Албанија ќе игра во плеј-офот
Франција го обезбеди првото место во Д групата и директен пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Вечерва, Албанија со минималната победа во Андора го обезбеди второто место во К групата, од која претходно Англија се пласира на Мундијалот. Англичаните славеа над србија со 2:0. Италија, во финишот на мечот во Кишињев, славеше победа над Молдавија 2:0. Франција …
Continue Reading
Повеќе од 60 непознати вируси откриени во Русија
Повеќе од 60 претходно непознати вируси се откриени во Русија за време на работата за спречување на глобални пандемии, изјави денес генералниот директор на Рускиот центар за биотехнолошки истражувања Александар Агафонов. „Сакаме да ги откриеме сите вируси што се шират во Руската Федерација. Клучот за нас е да ги пронајдеме не само сите вируси што постојат, туку и оние што …
Continue Reading
Поради штрајк, утре во прекин јавниот превоз и дел од воздушниот сообраќај во Рим
Италијанските синдикати „USB“ и „Orsa“ вечерва најавија почеток на 24-часовен штрајк во компанијата за јавен превоз во Рим, што ќе влијае на градскиот сообраќај на речиси сите линии, а како што е најавено, вработените во „EasyJet“ и „Volotea“ исто така ќе штрајкуваат. Синдикатите објавија дека се планирани прекини во сообраќајот од полноќ вечерва до зори на 15 ноември, објавува „Република“. …
Continue Reading
ЕУ следната година ќе воведе царински давачки за пакети во вредност помала од 150 евра
Министрите за финансии на Европската Унија денес се согласија да воведат царински давачки во текот на 2026 година за пакети со вредност помала од 150 евра, кои пристигнуваат во 27 земји-членки на Унијата. Ваквата одлука првенствено ќе ги погоди кинеските онлајн продавачи „Шеин“ и „Тему“, објави Ројтерс. Првичниот план на Европската Унија беше да се укине ослободувањето од царински давачки …
Continue Reading
Мерц: Му реков на Зеленски да се погрижи Украинците да не доаѓаат кај нас масовно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот телефонски разговор да се погрижи младите мажи од Украина да не доаѓаат масовно во Германија. „Тие се потребни таму, во Украина“, повтори Мерц подоцна на трговскиот конгрес во Берлин. Земјите-членки на Европската унија регистрираа пристигнување на 79.205 украински бегалци во септември, најмногу во еден месец од август …
Continue Reading
Авион со 176 патници извршил итно слетување поради закана од бомба на летот Мумбаи-Варанаси
Авион на „Ер Индија експрес“ беше принуден да изврши итно слетување откако беше пријавена закана со бомба за време на летот. Авион со 176 патници и членови на екипажот на редовна, двочасовна рута беше итно евакуиран во среда по пријава за можна експлозивна направа. За време на летот на рутата Мумбаи-Варанаси, авионот беше принуден да изврши итно слетување поради закана …
Continue Reading
Норвешка 99 отсто е на Светското првенство
Фудбалерите на Норвешка 99 отсто се на Мундијалот во 2026 година. Во седмото коло, во И групата, ја забележаа седмата победа. Норвежаните ја победија Естонија со 4:1. Само чудо може да ја спречи Норвешка да игра на првото СП по речиси три децении. Последен пат на планетарната смотра Норвежаните беа во 1998 година во Франција. Норвешка во последното коло ќе …
Continue Reading
„Денес не зборуваме за политичка победа туку за доверба“: конституиран новиот совет на Општина Карпош
Денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Карпош. Седницата, како што соопштија од општината ја отвори досегашниот претседател на Советот, Бранко Ристов, кој им се заблагодари на советниците од минатиот мандат за соработката, а на новите им посака успешна работа, добар дијалог и многу конструктивни дебати. Претседателката на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и …
Continue Reading
Воен авион се урна во Русија, екипажот загина
Руското Министерство за одбрана објави дека борбениот авион Су-30 се урна за време на тренинг лет во Карелија, дел од Русија долж границата со Финска, при што загина екипажот. Денес, околу 19:00 часот по московско време, авионот Су-30 се урна за време на планиран тренинг лет во Република Карелија, според соопштението за медиумите од Министерството за одбрана на Русија, пренесува …
Continue Reading