Мерц: Му реков на Зеленски да се погрижи Украинците да не доаѓаат кај нас масовно


Screenshot-2025-11-13-202411.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот телефонски разговор да се погрижи младите мажи од Украина да не доаѓаат масовно во Германија. „Тие се потребни таму, во Украина“, повтори Мерц подоцна на трговскиот конгрес во Берлин.


Земјите-членки на Европската унија регистрираа пристигнување на 79.205 украински бегалци во септември, најмногу во еден месец од август 2023 година, според податоците на Евростат. Статистичката агенција на ЕУ го припишува ова на одлуката на Украина од август 2025 година да им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години слободно да ја преминуваат границата.

Повеќе од 1,2 милиони украински бегалци, или 28,3 проценти од вкупниот број бегалци во ЕУ, моментално се сместени во Германија, соопшти Евростат оваа недела.

„Германската влада, исто така, има намера да ги промени бенефициите за украинските бегалци, така што стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за социјална помош“, објави Мерц.

Според законот, кој се очекува да биде одобрен од владата следната недела, Украинците кои дојдоа во Германија по 1 април 2025 година, ќе добиваат пониски бенефиции за баратели на азил наместо сегашниот надомест за невработеност.

Фото: принтсрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK