Уапсени мажи во Ресен, кичевско и Богданци: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената

Вчера во 23:40 часот на улицата „Ј.Јосифовски“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(40) од село Јанковец, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во …

Continue Reading

Лапорта не жали што Меси ја напушти Барселона

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја коментираше за ненадејната посета на Лео Меси на „Камп Ноу“ минатата недела. Во разговор за „Радио Каталуња“, Лапорта призна дека не знаел за намерите на Меси, но повтори дека не жали за заминувањето на Аргентинецот од клубот во 2021 година. Лапорта го опиша доаѓањето на Меси како спонтан чин на посветеност кон клубот. „Добро …

Continue Reading

Израел отвори уште еден граничен премин за хуманитарна помош за Газа

Израел го отвори граничниот премин Зиким во северниот дел на Појасот Газа за да дозволи хуманитарна помош во енклавата, соопшти денеска COGAT, тело на израелската војска што врши надзор на помошта што пристига. Обединетите нации побараа отворање на преминот за да се овозможи поголема помош во опустошената северна палестинска енклава, особено откако минатиот месец беше постигнат прекин на огнот меѓу …

Continue Reading

Учениците во Аеродром учат за даноци преку игри, почна финансиската едукација за најмладите

Од денес, во училиштата во општина Аеродром започнуваат работилниците преку кои најмладите ќе се запознаваат подетално со значењето на даноците, начинот на функционирање на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции, како и со важноста на одговорното и транспарентно управување со јавните средства. Изразуваме голема благодарност до Управата за јавни приходи што останува силен поддржувач и партнер на …

Continue Reading

Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

Џек Шлосберг, 32-годишниот внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, планира да се кандидира за Конгресот следната година, објавува „Њујорк тајмс“. Шлосберг е син на ќерката на Џон Ф. Кенеди, поранешната дипломатка Каролин Кенеди, и дизајнерот и уметник Едвин Шлосберг. Тој ја објави својата прва кандидатура за јавна функција во е-пошта до поддржувачите синоќа, објавува „Њујорк тајмс“. Според весникот, …

Continue Reading

Голем прекин на струја ја парализира целата Доминиканска Република

Прекин на електричната енергија ја погоди целата Доминиканска Република во вторникoт, парализирајќи ја целата земја, блокирајќи го сообраќајот и парализирајќи ги бизнисите во земјата со речиси 11 милиони жители. Службениците изјавија дека дефектот потекнува од преносниот систем на електричната мрежа, иако не беше веднаш јасно што го предизвикало, објави „Си-би-ес њуз“. „Генераторските единици во Сан Педро де Макорис и електраната …

Continue Reading

Пристигнаа нови карти: „Руското освојување на Покровск може да почека, загубите се огромни“

Руските сили продолжуваат полека, но стабилно да напредуваат кон Покровск во регионот Донецк, според најновиот извештај на Американскиот институт за проучување на војната. Институтот: Руското заземање на Покровск може да потрае. Загубите се огромни И покрај месеците обиди за пробивање на украинските одбранбени линии, темпото на рускиот напредок останува ограничено, делумно поради исцрпувачките офанзиви со големи загуби што Москва ги …

Continue Reading

(Видео) Роналдо потврди: СП 2026 ќе ми биде последно

Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде неговиот последен настап на големата сцена, во националниот дрес. Во интервју за „Си-Ен-ЕН“ за време на самитот во Ријад, капитенот на португалската репрезентација изјави дека на 41-годишна возраст е вистински момент да се збогува. „Уживам во моментот, но кога велам наскоро – мислам навистина наскоро. Му …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Имаме обврска природата да ја третираме како партнер, штитејќи ја неа, се штитиме себеси

Водена од желбата за заштита на Преспанското Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Пред неа и пред градоначаналникот Јован Тозиевски, на дебатата во Отешево, повеќе од 15 претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, невладиниот сектор и други државни и локални институции ги образложија причините …

Continue Reading