Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна и потпиша договор со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Гроот, кој е во работна посета на нашата земја. Според Министерството, договорот претставува важна пресвртница во зајакнувањето на поддршката за економскиот раст и интеграцијата на земјата во Европската унија. Од независноста до денес, ЕИБ има инвестирано …
Continue Reading
Изненадувачка порака од Русија: Подготвени сме за разговори со Украина
Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на функционер на Министерството за надворешни работи. Немало никакви средби лице в лице меѓу двете земји од состанокот во најголемиот град во Турција на 23 јули. ТАСС објави дека функционерот на министерството Алексеј Полшчук изјавил дека турската страна ги повторува повиците …
Continue Reading
Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?
Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини. СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче, изјави Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Информации кои од Бихачка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил …
Continue Reading
Концерт на Божо Вреќо на 21 ноември во Скопје
Божо Вреќо, најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, на 21 ноември доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија. Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico. Споменатите медиуми го …
Continue Reading
Ѓоковиќ откри што сака да му пишува на надгробната плоча
Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времињај беше гостин во интервју со познатиот англиски новинар Пирс Морган. Едно од најпаметните прашања што му ги постави Морган беше што би сакал да му биде напишано на надгробната плоча. „Човек кој ги допре срцата на луѓето“, одговори Ѓоковиќ, потоа објасни и зошто. „Еден од луѓето кои многу ми помогнаа со менталната сила …
Continue Reading
Ристески: Потребата од зелената трансформација е неопходна
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, се обрати на стручна конференција на тема „Создавање на зелени работни места во Македонија – Можности за вработување во контекст на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во рурални средини“, која е во организација на амбасадата на Австрија и австриското федерално министерство на за труд, социјални работи, здравствена заштита …
Continue Reading
Прогласен најдобриот европски град за одмор без автомобил
При планирање патување во еден од европските градови, добриот јавен превоз и лесните пешачки патеки се клучни за целокупното искуство. Ново истражување откри кој град нуди најдобри услови за истражување без автомобил, а победникот, за многумина, е Атина. Хотелската компанија „Акор“ анализираше податоци за градовите низ целиот континент, земајќи предвид фактори како што се пешачките зони во центарот на градот, …
Continue Reading
Анкара потврди: 20 турски војници загинаа во падoт на авионот, објавени имињата и фотографиите на жртвите, причините сè уште непознати
Анкара денес ја потврди смртта на 20 турски војници во воен товарен авион што се урна вчера во источна Грузија. Турското Министерство за одбрана ги објави имињата и фотографиите на жртвите, но сè уште не ги објави можните причини за падот на авионот Ц-130. „Нашите херојски соборци станаа маченици на 11 ноември 2025 година“, се вели во соопштението издадено во …
Continue Reading
Силен земјотрес од 5,7 степени го погоди Кипар, предизвика одрони во близина на Пафос
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска околу 10:30 часот по локално време ја погоди територијата на Кипар, со епицентар во близина на градот Пафос, на длабочина од околу 17 километри. Сведоци изјавиле дека земјотресот предизвикал одрони во областа околу селото Полеми, каде што бил почувствуван најсилно. „Карпи и камења се стркалаа низ ридот“, изјавиле мештани. Граѓаните, …
Continue Reading