Млада девојка од Прилеп тешко повредена во судир со товарно возило во Битола
Попладнето на 11 ноември во Битола се случила сообраќајна несреќа кај спојот на улиците „4 Ноември“, „Влатко Миленковски“ и „Димитар Илиевски–Мурато“. Во несреќата учествувале товарно возило „Фолксваген“ со битолски таблички, управувано од 20-годишен возач од Битола, и електричен тротинет „Шаоми“, со кој управувала дваесетгодишна девојка од Прилеп. Од ударот, младата возачка на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди и …
Continue Reading
Пешак тешко повреден во Радовиш – возачот прво избегал, па се вратил на местото на несреќата
Вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д. (72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г. (66), исто така од Радовиш. Возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се вратил, соопшти МВР. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот …
Continue Reading
(Фото) Почна изградбата на мега паркот во Бутел
Мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000 метри квадратни, вака го најави новиот проект градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Изградбата на паркот почна денеска, кој е прв проект ветен во програмата на Ѓорѓиевски. „Денес, заедно со градоначалникот на …
Continue Reading
Измама со „мерцедес“ во Тетово: Договориле купопродажба на нотар, па возилото му го продал на трето лице
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Т. од селото Блаце, поради сомнение за измама. Според пријавата, на 21 февруари, С.Т. склучил договор за купопродажба на патничко возило „мерцедес“ со друго лице кај нотар. По договорот, на негово барање, купувачот му дозволил возилото да остане уште неколку дена кај него. Но, и по истекот на рокот, С.Т. не го вратил автомобилот, туку …
Continue Reading
„Контролата на броилата предуслов за доверба во енергетскиот систем“ – Божиновска во посета на лабораторијата на Електродистрибуција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата. Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, кои …
Continue Reading
Трамп со писмо до израелскиот претседател бара помилување на Нетанјаху
Израелскиот претседател, Исак Херцог, доби писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое го повикува да размисли за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денес неговиот кабинет. Нетанјаху се соочува со три одделни судења за корупција веќе неколку години, а Трамп постојано бара негово помилување. „Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој …
Continue Reading
Свечено отворање на Академијата за единствен пазар (Single Market Academy – SMA)
-
новинар
-
November 12, 2025
-
Балкан, Бизнис и економија
-
0 Comments
Академијата за единствен пазар претставува нова фаза во европската интеграција на регионот: зајакнување на институциите, развој на компетенции и создавање доверба, што е неопходно за пристап до Единствениот пазар на Европската Унија. Како една од приоритетните активности во рамката План за раст на ЕУ за Западен Балкан, Академијата ќе овозможи реформските обврски да се преточат во практично знаење, конкретни институционални …
Continue Reading
Милевски: Против Летонија имаме шанса да ја видиме и пошироката слика
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто. „Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред …
Continue Reading
„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба
На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“. Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, …
Continue Reading