Го немаше 580 дена во Евролигата, одигра 76 секунди и повторно се повреди
Кинан Еванс, плејмејкерот на Олимпијакос, дефинитовно е најголемиот малер во европската кошарка. Американецот по 580 денови пауза, за врати на теренот во Евролигата, дебитираше во елитното натпреварување за Олимпијакос, се повреди и ја заврши сезоната. Кинан Еванс, минатата недела го одигра првиот меч за Олимпијакос, откако пред речсии две години пристигна од Жалгирис. Одигра 19 минути и постигна 15 поени …
Continue Reading
Кошаркарките со победа стартуваа во квалификациите за Европското првенство
Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минималнаа, но голема победа над селекцијата на Данска 79:78. Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа …
Continue Reading
Си-ен-ен: Епштајн постојано го споменувал Трамп во приватни преписки, покажуваат новообјавените документи
Џефри Епштајн, осуден сексуален престапник чија смрт со самоубиство привлече големо внимание поради познатите личности со кои бил поврзан, постојано го споменувал Доналд Трамп по име во приватна преписка во текот на изминатите 15 години со соработник и писател од кругот на Трамп, според новообјавените е-пораки од демократите во Надзорниот комитет на Претставничкиот дом, објавува Cи-ен-ен. Е-пораките испратени до долгогодишната …
Continue Reading
Илон Маск ја критикува ЕУ: Лидерот на Унијата треба да биде избран директно од граѓаните
Американскиот милијардер Илон Маск денес според „Политико“ ја критикуваше европската демократија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, велејќи дека лидерот на Европската унија треба да биде избран директно од граѓаните. „Ако демократијата е основа на слободата, вашата позиција како лидер на ЕУ треба да биде избрана директно од народот“, напиша Маск на социјалната мрежа „Икс“, објави бриселски …
Continue Reading
Макрон најави уште 4,2 милијарди евра за одбраната на Франција во вселената
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес, споменувајќи ја опасноста од Русија, најави дополнителна инвестиција од 4,2 милијарди евра до 2030 година во одбраната на Франција во вселената. Макрон, презентирајќи ја новата француска стратегија за вселената до 2040 година, особено се залагаше за развој на вселенски ракети за повеќекратна употреба, подобри од авионите SpaceX на Американецот Елон Маск. „Војната веќе се …
Continue Reading
(Видео) Трамп го испрска сирискиот претседател со парфем: „Колку жени имаш?“
Сирискиот претседател пристигна во Белата куќа низ спореден влез. На новинарите, кои подготвиле незгодни прашања за неговото џихадистичко минато, не им било дозволено да влезат во Овалната соба, пренесуваат медиумите за неговата посета. Сепак, според написите, една снимка го открива топлиот пречек што американскиот претседател Доналд Трамп му го упатил на Ахмад ал-Шара. Trump sprays Syrian president and his delegation …
Continue Reading
Захарова: Велика Британија не избира, туку прави сè што може за да ги попречи преговорите за Украина
Целта на неодамна објавената статија во „Фајненшл тајмс“ за средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на Генералното собрание на ОН во септември беше да се наруши процесот на преговори, изјави Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, за радио Спутник. „Оваа статија во „Фајненшл тајмс“ беше …
Continue Reading
Стармер: Би-Би-Си мора да воведе ред во својата куќа
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека поддржува силна и независна Би-Би-Си, но дека јавниот радиодифузен сервис мора „да си ја среди работата“ откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја тужи поради начинот на кој го уредил еден од неговите говори. Би-Би-Си се најде во најголемата криза во последните децении откако нејзиниот генерален директор и извршен уредник на …
Continue Reading
Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал
Поради голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки на барање на претседателот Володимир Зеленски. „Министрите ги поднесоа своите оставки во согласност со законот“, изјави премиерката Јулија Свириденко. Министерот за правда Херман Халушченко и министерката за енергетика Свитлана Гринчук ги поднесоа своите оставки. Нивните замени сега мора да бидат одобрени од парламентот. Украинското …
Continue Reading