За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД програмата
Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен скандал во земјата. Директорот е осомничен дека зел мито од апликант за да му одобри финансиски средства од ИПАРД програмата. Од МВР соопштија дека вчера се уапсени пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Ф.(77) сторил продолжено кривично …
Continue Reading
Велика Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател и министерот за внатрешни работи
Велика Британија денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија, објави Ројтерс. Советот за безбедност на ОН го стори истото пред средбата на Ал Шари со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот. Во истото соопштение, британските власти изјавија дека ги укинале и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хатаб. И двајцата претходно беа под финансиски санкции насочени …
Continue Reading
Одреден е датумот на ждрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот
Ждрепката за интерконтиненталниот и европскиот плејоф за пласман на Светското првенство ќе се одржи на 20 ноември во Цирих, со почеток во 13 часот. Како што објави ФИФА, 22 селекции ќе имаат дополнителна шанса да стигнат до Светското првенство преку плејофот, 16 од Европа и шест преку Интерконтиненталниот бараж, во натпревари што ќе се играат од 23 до 31 март …
Continue Reading
СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и …
Continue Reading
Македонски Концепт предлага помалку министри за рационална и ефикасна влада
Македонски Концепт, како изразито десничарска политичка партија и составен дел од владејачката коалиција, ја поддржува потребата од темелна реконструкција на Владата на Република Македонија, насочена кон рационализација на институциите, намалување на бројот на министерства и фузирање на сродни ресори во функционални целини, соопштија од партијата. „Време е државата да се изгради врз принципот на помалку министерства и повеќе одговорност. Моделот …
Continue Reading
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Електродистрибуција го имплементира најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со мрежа
-
новинар
-
November 7, 2025
-
Македонија
-
0 Comments
– Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг. Со помош на најновиот SCADA систем ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во …
Continue Reading
Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога
Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на …
Continue Reading
„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова
Официјалната портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Москва постојано добивала уверенија од српското раководство дека извозот на муниција е под строга контрола и дека оружје од српско производство нема да биде испорачано во Украина. „Москва постојано добивала уверенија од раководството на Србија дека извозот на муниција од српско производство е под строг надзор и …
Continue Reading