Загина 46-годишен маж од Струмичко: со возилото се превртел на патот
Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна …
Continue Reading
Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал
31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. На 29.09.2025, пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал.
Continue Reading
Изградена за „Посејдон“: Русија ја покрена нуклеарната подморница „Хабаровск“
Во производственото здружение „Севмаш“ во Северодвинск беше лансирана нуклеарната подморница „Хабаровск“, една од најмистериозните во поновата руска флота, способна да го носи беспилотното летало-торпедо „Посејдон“ опремено со нуклеарни боеви глави. Тоа е настан што Москва го опишува како пресвртница во развојот на подводни нуклеарни системи. На церемонијата зборуваше министерот за одбрана Андреј Белошов, кој нагласи дека „Хабаровск“ значително ќе ја …
Continue Reading
Иранскиот претседател изјави дека Техеран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки со уште поголема сила од претходно, додавајќи дека земјата не сака да развива нуклеарно оружје. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе нареди нови напади врз иранските нуклеарни постројки доколку Иран се обиде повторно да ги активира оние што САД ги бомбардираа во јуни. „Уништувањето на зградите …
Continue Reading
Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија
Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера вечерта, соопшти британската полиција. Нападот се случил во 18:25 часот по локално време во воз на Лондонската североисточна железница (LNER) што сообраќал од Донкастер во Јужен Јоркшир до станицата Кингс Крос во Лондон. Според полициските податоци, десет лица се повредени, …
Continue Reading
Македонски уметници учествуваа на ликовната колонија во Корча
Во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2025 година, во градот Корча, Албанија, се одржа Ликовната колонија „Visual Artists Colony – Korce2025“, поддржана од Western Balkans Fund. Настанот беше организиран во соработка меѓу неколку партнери од регионот, меѓу кои и македонската невладина организација Интеркултура, која беше еден од коорганизаторите на оваа иницијатива. Во рамки на колонијата учество земаа шест …
Continue Reading
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти. Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со околу 2 проценти. Излезеноста на гласачите …
Continue Reading
По 20 години изградба, отворен Големиот египетски музеј во Каиро
Во Каиро синоќа беше свечено отворен Големиот египетски музеј, проект што се градел повеќе од дваесет години. На отворањето присуствуваа околу 40 државници и високи претставници од целиот свет. Музејот, најголемиот во светот посветен на древната египетска цивилизација, почнал да се гради во 2002 година, според награден проект на ирската архитектка Рошин Хениган и нејзиниот сопруг Ши-Фу Пенг. Свеченоста беше …
Continue Reading
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување. Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше …
Continue Reading