Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество во најавената дебата на телевизија Телма со неговиот противкандидат Амар Мециновиќ. „Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје. Добро знаете, никогаш не бегам од ништо“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи. Тој посочи дека …

Continue Reading

Маж од Флорида осуден за убиство на трудна девојка која одбила да абортира

Судoт во Флорида го прогласи 23-годишниот Донован Фејсон за виновен за убиство на неговата 18-годишна девојка Кајлин Фиенго, која одбила да абортира, пренесе „Унилад“. Злосторството се случило во ноември 2022 година, кога Фејсон ја намамил Кајлин во парк и ја застрелал во глава. Нејзиното тело било пронајдено во автомобил од полициски службеник за време на рутинска патрола, а покрај неа …

Continue Reading

Официјално – Лучано Спалети го презеде Јувентус

Поранешниот селектор на Италија, Лучано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус. Харизматичниот тренер дополнително го збогати богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места. Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација, а во Јувентус доаѓа откако Игор Тудор беше отпуштен бидејќи „Старата Дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец и имаше серија …

Continue Reading

Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам

Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс. „Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира …

Continue Reading

Николоски најави дополнителни средства за Брвеница и директен излез на автопат

За општина Брвеница со идниот градоначалник Јовица Илиевски ќе реализираме нови проекти со специјален буџет преку Министерството за транспорт. Исто така донесена е одлука да се изгради нов влез и излез на автопатот. Политиката на национализам ќе доживее пораз и во општина Брвеница, а Јовица Илиевски ќе добие втор мандат за градоначалник, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средбата …

Continue Reading

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ во Центар

Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници. Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). …

Continue Reading

Хамас предаде тела, Израел порачува: „Борбата за нашите заложници не запира“

Израел ги презеде телата на двајца заложници кои ги држел Хамас во Газа, пренесе ЦНН. Посмртните останки биле предадени преку Црвениот крст и пренесени на идентификација во израелскиот форензички институт. Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека „напорите за враќање на сите заложници продолжуваат и нема да престанат додека не се вратат сите“. Примопредавањето се случува два дена по израелските …

Continue Reading

Медведев го нарече белгискиот министер „имбецил“, Франкен му возврати со песна на Селена Гомез

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен влезе во вербален судир со поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Се започнало кога Франкен изјавил дека, доколку Русија ја нападне Белгија, „НАТО би ја израмнил Москва со земја“. На тоа, Медведев остро реагирал, нарекувајќи го „имбецил“ и потсетувајќи дека оваа недела Русија го тестирала нуклеарното …

Continue Reading

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити, нагласувајќи дека не е дел од ниту една влада и дека секогаш стои спроти власта, а не покрај неа. „Во комуникација со мене — не. Не сум дел од Владата. Не стојам со тие што сакаат да ни ги одземат …

Continue Reading