Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Локацијата на ГОБ„8 Септември“ на Мицкоски му делува како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експерите да кажат
Премиерот Христијан Мицкоски чека да завшрат локалните избори за да распише повик за финансиски институции кои ќе понудат кредити за болницитe во Штип, Тетово и Кичево, а веднаш потоа, како следен чекор, најави дека со партнерите од Обединетото кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје. Локацијата на Градска општа болница „8 Септември“ според премиерот е одлична за нов …
Continue Reading
Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е кратко и времето за да се оцени работата на Владата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкoски при посетата на ГОБ “8-ми Септември” одговори на новинарско прашање во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека Владата работи катастрофално и кажа, дека изјавите на Филипче се контрадикторни и какафонични бидејќи Филипче дава свој суд за работата на Владата, а за истиот тој период не ја оценува својата работа како претседател …
Continue Reading
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона. Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал. „АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум …
Continue Reading
„Веднаш пронајдете засолниште“: доаѓа „Мелиса“, најсилниот ураган во историјата
Ураганот „Мелиса“ брзо се засили во текот на викендот и сега достигна статус од категорија 5 со ветрови од 160 милји на час. Националниот центар за урагани (NHC) предупредува дека „Мелиса“ ќе ја погоди Јамајка во вторник како најсилниот ураган што некогаш го погодил островот. Озлогласениот рекорд претходно го држеше ураганот „Гилберт“ во 1988 година, кој имаше ветрови до 210 …
Continue Reading
Мајсторски концерт на пијано: Глигор Гелебешев во родната Гевгелија
Глигор Гелебешев се претстави во родната Гевгелија со солистички концерт на пијано, гостувајќи во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Концертот се одржа на 26 октомври 2025 година, во хотел „Аполонија“, пред своја публика која со внимание и восхит го следеше настапот на познатиот македонски пијанист. Вечерта на домашен терен помина во знакот на класичната …
Continue Reading
Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД
Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко. „Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран …
Continue Reading
Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет
Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката за образование, Весна Јаневска, во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организираше Универзитетот „Свети Кирил …
Continue Reading
Промоција на „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски во Градската библиотека во Скопје
В среда (29 октомври) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде промовирана збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување според Друштвото на писателите на Македонија во 2025 година. Модератор и промотор е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. -Расказите на Жарко Кујунџиски се раскошно …
Continue Reading