Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денес го погоди западниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил источно од Измир, на околу осум километри од градот Синдрги, на длабочина од шест километри. Според првичните информации, нема извештаи за повредени или материјална штета. SON DAKİKA | Balıkesir Sındırgı’dan gelen ilk bilgilere göre bazı yapılar yıkıldı. …

Continue Reading

Курти: Единствено решение се нови избори

Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот. Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61. „Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, …

Continue Reading

Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски

Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации. „Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, …

Continue Reading

Николоски го претстави планот за Николиќ во Дојран: Уредена плажа, патека и подобро електроснабдување

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата на дојранското место Николиќ, најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти за локалното население и туристите. Николоски посочи дека приоритет е решавањето на проблемот со снабдувањето со електрична енергија, бидејќи местото брзо се шири со нови куќи и викендици. Како втор проект го најави уредувањето и осветлувањето на пешачката патека што ќе води од …

Continue Reading

Ноември носи пресврт: Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период

Ноември 2025 носи значајни промени на астролошката сцена, а за три хороскопски знаци — Девица, Близнаци и Риби — ќе означи крај на тешко поглавје и почеток на нов, поволен период. Девица — конечно доаѓа мир и јасност. Напнатите денови се зад вас, а крајот на месецот носи нова енергија и можност за реализација на идеи. Можно е и помирување …

Continue Reading

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг, против кандидати на нашите кандидати се откажаа, што значи дека сега веќе се 35 градоначалници и во уште 24 општини сме во вториот круг. Во недела ќе се одлучува кој ќе биде градоначалник во тие 24 општини. Во 6 од …

Continue Reading

Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години

Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп. На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави …

Continue Reading

Тоневски: Со мнозинство во советот одиме кон уште поголема победа во Пробиштип, време е за промени

На вечерашниот мини-митинг во општина Пробиштип, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски кој истакна дека во Пробиштип е потребна промена после 8 години апатија и уништување на градот, потенцирајќи дека новиот правец во кој ќе се движи општината ќе биде …

Continue Reading

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција „ќе роди“ 83 дигитални помошници за парламентот

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека нивната министерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Диела, ќе „роди“ 83 дигитални помошници кои ќе работат како виртуелни асистенти на пратениците од Социјалистичката партија. Според Рама, тие асистенти ќе ја подобрат ефикасноста и транспарентноста на парламентот, водејќи евиденција за седниците, подготвувајќи анализи и предлагајќи политики засновани на податоци. Диела, која беше именувана во …

Continue Reading