(Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо
Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата сезона Интер, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид. Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабу“ во Мадрид. Реал го пречека Јувентус и славеше со 1:0 со голот на Белингем во 57-та минута. Реал доминираше, создаваше …
Continue Reading
Стармер: Балканот е европско искушение
Британскиот премиер Кир Стармер (Кир) го опиша Западен Балкан како европски „казан“, отворајќи го денес самитот со лидерите во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (RSE). Премиерот е домаќин на лидерите на шесторката од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија …
Continue Reading
Захарова го нарече полскиот министер за надворешни работи „Осама бин Сикорски“
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, го нарече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски „Осама бин Сикорски“ по неговиот повик до Киев да изврши терористички напад врз нафтоводот „Дружба“, кој ги снабдува Унгарија и Словачка со руска нафта, објавува Спутник. „Полскиот министер за надворешни работи Сикорски, одговарајќи на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изрази …
Continue Reading
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше одбележан 23 октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба. Пред бројните граѓани и гости свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг и славен процес, исполнет со храброст, жртва и огромна …
Continue Reading
Жданова: Европската Унија ги саботира мировните преговори за да продолжи да профитира од војната
Европската Унија намерно се спротивставува на мировните напори во кои се вклучени Москва и Вашингтон за да продолжи да профитира од конфликтот во Украина, поттикнувајќи го бумот на оружје, тврди рускиот претставник во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Јулија Жданова. Претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин, се согласија за време на неодамнешниот телефонски …
Continue Reading
Спенсер Динвиди во Олимпијакос
Американскиот кошаркар Спенсер Динвиди е нов играч на грчки Олимпијакос, ексклузивно објавува „Телеспорт“. Искусниот кошаркар, кој целата своја кариера ја помина во НБА каде што имаше забележителен настапи, одлучи да се пресели во Европа, откако не доби договор за сезоната во НБА лигата. Одличниот шутер беше поврзуван со бројни европски тимови, вклучувајќи ги српските клубови Црвена звезда и Партизан, се …
Continue Reading
Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон
Економијата, безбедноста и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски биле теми коишто биле опфатени на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон. „Тука беше додадена уште една тема, а тоа беше нелегална миграција. Морам да кажам дека денот беше инспиративен, го започнав со средба со министерот на Франција за Европа, господинот Бенжамин …
Continue Reading
Разурнувач под команда на НАТО пресретна руски воен брод во британски води
Разурнувач на британската кралска морнарица пресретна и следеше руски воен брод додека пловеше низ британски води. HMS Duncan, кој е со седиште во Портсмут, е распореден од страна на Сојузничката поморска команда на НАТО, соопшти Кралската морнарица, објави „Sky News“. Станува збор за разурнувач од типот „45“, на кој му се придружи и хеликоптер Wildcat, и двата имаа задача да …
Continue Reading
Пленковиќ: Новите членки на ЕУ немаат право на донесување одлуки, тоа би било како да бидете поканети на прием и да стоите напред додека другите се внатре
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес на маргините на состанокот на Берлинскиот процес изјави дека се спротивставува на идејата новите членки на Европската унија првично да немаат целосни права на донесување одлуки. Пленковиќ учествуваше на самитот на Берлинскиот процес во Лондон, иницијатива воспоставена со цел да се приближат шест земји од Западен Балкан кон Европската унија. Иако прашањето за проширувањето доби …
Continue Reading