Шпанија ќе предложи до Европската Унија трајно да се укине поместувањето на часовникот

Шпанската влада објави дека ќе предложи до Европската Унија трајно да се откаже поместувањето на часовниците и преминувањето на зимско време, што ќе се случи следниот викенд, наведувајќи дека ова е „застарена практика“, објавија денес шпанските медиуми. Како што е наведено, оваа промена повеќе не придонесува за заштеда на енергија, а исто така предизвикува негативни здравствени последици, објави ТВ Ртве. …

Continue Reading

Премиерот на Канада: Ако Нетанјаху влезе во нашата земја, ќе го уапсиме

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ако влезе во Канада. Во интервју за Блумберг, Карни беше прашан дали ќе ја исполни обврската на неговиот претходник Џастин Трудо да го притвори Нетанјаху по обвинение за воени злосторства, на што Карни одговори позитивно. Меѓународниот кривичен суд минатата недела го отфрли барањето на Израел да поднесе …

Continue Reading

Уапсен 70-годишен Германец на Табановце: пронајдена е марихуана во возилото кое го управувал

Вчера во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода 70-годишниот Р.Е.Р.Л. од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него …

Continue Reading

Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак горда сум на кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да влезе во вториот круг на Локалните избори 2025. „Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и …

Continue Reading

Виткоф: Обновата на Газа ќе чини околу 50 милијарди долари

Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, рече дека верува оти трошоците за обнова и реконструкција на Појасот Газа ќе бидат околу 50 милијарди долари (42,87 милијарди евра). „Проценките се околу 50 милијарди долари“, изјави специјалниот пратеник на САД за Си-би-ес Њуз. „Може да биде малку помалку; може да биде малку повеќе. Јас лично не мислам дека тоа …

Continue Reading

(Видео) „Затоа сите те мразат“

Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид беше тензичен, лидерот извојува минимална победа, а двајца домашни играчи добија црвени картони. Оној од Ален Њом, кој францускиот дефанзивец го заработи за само 37 секунди, привлече посебно внимание. Тој го удри Винисиус во лицето, кој почна да се превиткува и на тој начин го „принуди“ судијата да го исклучи дефанзивецот на Хетафе. Во …

Continue Reading

Герасимовски денеска со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон. „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска …

Continue Reading

Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на мандати, според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, е 18, што е тројно повеќе од второпласираната Левица во советот која пак има 6 мандати. Левица е второпласирана по бројот на гласови во Советот, со освоени 11,83 проценти од гласовите, односно …

Continue Reading