Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. „Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. …
Continue Reading
(Видео) Трајановски: Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори. Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè …
Continue Reading
Адел во ретко појавување во јавност, обожавателите зборуваат за нејзината витка фигура
Британската музичка ѕвезда Адел беше фотографирана во Остин, Тексас, на Големата награда на Соединетите Американски Држави, што е едно од нејзините ретки јавни појавувања откако ја заврши серијата настапи во Лас Вегас. Познатата 37-годишна пејачка беше видена во боксот на тимот на Мерцедес АМГ Формула 1 додека ја обиколуваше нивната гаража. Во таа прилика, таа беше фотографирана со возачите на …
Continue Reading
Русија одговари на предлогот на Трамп за прекин на војната
Русија соопшти дека нејзината позиција за војната во Украина останува непроменета, одговарајќи на најновиот повик на американскиот претседател Доналд Трамп за замрзнување на конфликтот на постојните фронтовски линии. Кремљ претходно ги отфрли повиците за прекин на огнот, тврдејќи дека Украина ќе го искористи затишјето во борбите за прегрупирање и вооружување. Затоа Москва претпочита директни преговори за сеопфатен мировен договор, но …
Continue Reading
Мојсова: Идниот градоначалник ќе го следам будно зошто веќе ги познавам проблемите кои го тиштат Карпош
Поминав една долга и реално неправедна борба со идеја за подобра иднина на мојата општина. Им благодарам на сите што гласаа за мене зошто веројатно ме препознаа како исполнителна и посветена кандидатка со визија и чесни намери према граѓаните и работењето на општината, вели Маја Мојсова која беше кандидатка за градоначалничка на општина Карпош од редовите на СДСМ. „За мене …
Continue Reading
Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна
Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е, оценува тој, опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. „Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски …
Continue Reading
АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк
Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучил да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел. Двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитувале изјави …
Continue Reading
Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори
Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов задоволен од резултатите на локалните избори. „Дозволете ми да изразам големо задоволство од резултатите на локалните избори, кои ги освои Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, со освоени речиси 40.000 гласови. Воедно сакаме да се заблагодариме на сите граѓани, членови, симпатизери и подржувачи на ЗНАМ, кои го искористија своето право на глас и ја потврдија …
Continue Reading
Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг
Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните кои му ја дале поддршката и посочи дека искреноста и креативноста и натаму допираат до луѓето. „Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце, за сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и …
Continue Reading