(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур
Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1. Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод. Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира …
Continue Reading
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели
Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска. Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември. Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега …
Continue Reading
Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите
Со пораки за обединување на центарот и успех на претстојните локални избори во недела, финишираше завршниот митинг на коалицијата „Искуство за успех“. Пред полната сала за последен пат пред почетокот на изборниот молк се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР со поздравни говори, во кои го повикаа своето членство на мобилизација и ги …
Continue Reading
Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир
Чаир, како историско и академско средиште на Скопје, доживува значајна фаза на развој благодарение на поддршката од Владата. Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, во дебатната емисија на МРТ соопшти дека во последните 15 месеци се инвестирани околу 100 милиони евра, што претставува само почеток на трансформацијата. Меѓу главните проекти, Меџити ги спомена: Универзитетот „Мајка …
Continue Reading
Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на телевизијата Алсат М, зборуваше за проблемите со отпадот, нечистотијата и дивите депонии во градот, нагласувајќи дека потребни се два паралелни процеси итно чистење на градот и долгорочна поставеност на систем по европски стандарди. „Мора веднаш да се почне со расчистување на отпадот пред секоја куќа, пред секоја зграда, по …
Continue Reading
Мицкоски: СДСМ и Филипче беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Ахмети, затоа во недела со масовност уште во прв круг да им одржиме лекција
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот завршен народен митинг во Охрид, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври, повика на обединување и масовна поддршка за кандидатите за градоначалници и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на број 9, за да им …
Continue Reading
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот. „Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување. „Полесно е кога луѓето се разбираат, …
Continue Reading
Филипче се надева на победа на СДСМ во Крива Паланка уште во првиот круг
Во Крива Паланка повторно ќе славиме победа и тоа уште во првиот круг, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка. Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа благодарение на посветената работа на …
Continue Reading
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина
Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите …
Continue Reading