Алиу во Гостивар: Нова сала за ортопедија и трауматологија во болницата, првите операции заедно со тимот од Клиниката за ТОАРИЛУЦ
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Општата болница во Гостивар. – Извршено е рановирање на Ургентниот центар, инвестиција во вредност од 4 милиони денари. Првпат Гостивар добива хируршка сала за ортопедија и трауматологија и оваа новина е многу значајна за жителите на Гостивар и околината, имајќи предвид дека повеќе нема да има потреба да патуваат до Скопје за …
Continue Reading
ЗНАМ: Куманово е град каде секој чекор води кон еднаквост
На Меѓународиот ден на белиот стап – кој е посветен на лицата со оштетен вид, Движењето ЗНАМ го презентираше делот од изборната програма за Куманово кој се однесува на инклузивноста и еднаквоста на сите, како и на обезбедување на услови за нормално живеење на сите лица со посебни потреби. „Белиот стап не е само симбол на слепилото или оштетениот вид. …
Continue Reading
Шукова: „Во следните 15 месеци – 15 нови паркови и 10.000 садници низ Скопје“
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска истакна дека во рамки на својата програма предвидува зелен развој и обновување на јавните површини низ сите скопски општини. „Локациите се веќе мапирани – дел ќе бидат нови зелени површини, а дел реконструкции на паркови што се во лоша состојба” -рече Шукова. Таа посочи дека покрај парковите, ќе бидат засадени и …
Continue Reading
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото
Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото. Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом. Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил …
Continue Reading
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје
Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
„Дрисла“ со години е извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните: Меџити го најави почетокот на изградбата на заштитната ограда околу депонијата
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинце за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци. Меџити, во придружба на претседателот на …
Continue Reading
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница
Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош. Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од …
Continue Reading
(Видео) Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап. „Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. …
Continue Reading
Гостиварец се возел со фалсификувана возачка дозвола низ Италија, полицијата му ја одзела
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(48) од овој град поради фалсификување на исправа. Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка која ја употребил како вистинска во Италија и која што му била одземена од италијанските власти, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading