Денес се одбележува Денот на народното востание

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ. Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Прилеп и доделување на истоимената награда во Скопје. Свечената академија под мотото „На вистинската патека, за татковина …

Continue Reading

Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026. Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред. „Мораме да бидеме …

Continue Reading

Заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделник, очекува Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува заложниците што ги држи палестинското движење Хамас во Газа „да се вратат“ дома в понеделник. Американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа посочи дека, покрај живите заробеници, на Израел ќе му бидат вратени и најмалку 28 тела на починати заложници. Трамп додаде дека планира да го посети Каиро, по што ќе се обрати пред израелскиот …

Continue Reading

(Видео) Филмска кражба во златара во Гостивар: Маскирани лица крадат злато и пари и бегаат со црн џип

Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните  информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец. Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. Денес се очекуваат …

Continue Reading

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои и …

Continue Reading

ДИЛЕМИ ОКОЛУ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР

Деновиве многу актуелна тема е постигнатиот договор околу Газа со кој се прекинуваат борбите меѓу израелската војска и движењето Хамаз. Договорот бил предложен од претседателот на САД Доналд Трамп и треба да се реализира во неколку фази од кои најважен е оној за ослободување на израелските заложници, како и две илјади палестински затвореници. Понатаму ќе се решава кој ќе управува …

Continue Reading

Денешниот есенски ден ќе биде со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а в долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд, информираа утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Continue Reading

(Видео) Разрешениот директор на Неврологија кој е снимен како “меша бело“ се извини и вели дека имал момент на слабост

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, за кого на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, вчера на Фејсбук упати извинување и искажа длабоко каење за своите постапки.   „Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето …

Continue Reading

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти ЈОРСМ. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е …

Continue Reading