Мицкоски за 11 Октомври: Поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во Југославија бил многу поорганизиран од сега
Потребна е длабока мобилизација на сите структури во општеството за да направиме рестарт на системот којшто е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања и разочарувања. Не само мобилизација на политичките елити, туку длабока мобилизација на сите структури во општеството. Потребен е суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централното …
Continue Reading
18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарата во Гостивар
Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово. – Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење …
Continue Reading
Позната е каква е состојбата со Мбапе
Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост. Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот …
Continue Reading
Мицкоски: Местото на оваа мала земја е во Европската унија
Местото на оваа мала земја е во Европската унија, но не по секоја цена, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој го повика Европскиот совет уште на следната седница да испрати заклучок дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, јазик и култура, а источниот сосед да покаже европска зрелост и да ги почитува пресудите од Меѓународниот суд за …
Continue Reading
Енигматична објава на Модриќ покажува каков мајстор е надвор од теренот
По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар. Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ …
Continue Reading
Наполи „спасува“ двајца отпадници од Манчестер Јунајтед
Наполи е во преговори со Манчестер Јунајтед за доведување на двајца играчи. И двајцата се загрижени поради недостатокот на минутажа и бараат решение пред почетокот на зимскиот преоден рок. Коби Маину, 20-годишниот англиски играч од средниот ред, сè уште не започнал ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона. Неговото барање за позајмица минатото лето беше одбиено, но сега тој …
Continue Reading
Минчев по повод 11 Октомври: Обврзани сме да ја чуваме слободата и да градиме праведни институции
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата, Иван Стоилковиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово, во чест на хероите кои ги положија своите животи за слободата и достоинството на македонскиот народ. Министерот за јавна администрација …
Continue Reading
Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги спои Меси, Нејмар и Суарез
Интер Мајами, клубот од американската фудбалска лига во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да биде во центарот на најзначајниот трансфер настан во годината. Според информациите објавени од „Мејл Спорт“, американскиот клуб ја истражува можноста за повторно обединување на едно од најпознатите напаѓачки трио во историјата на фудбалот – Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез. Триото, познато под кратенката …
Continue Reading
Филипче вели дека Лекарската комора треба да процени дали доктор снимен со дрога може да лекува пациенти
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Лекарската комора треба да реагира и да направи проценка дали доктор во состојба во која беше фатен директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски може да лекува пациенти. Според Филипче, добро е што Кузмановски е веднаш разрешен, но очекува реакција и од Лекарската комора. – Сметам дека е добро што е разрешен веднаш …
Continue Reading