Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре нема да работат
ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека на ден 11.10.2025 година ( сабота ), по повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. Во понеделник, 13.10.2025 година, се продолжува со редовно работно време.
Continue Reading
Манасиевски: Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани наместо во затворски притвор, доби куќен притвор
Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби куќен притвор, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Газдата на Марковски компани е фатен инфлагранти како испумпува пари од РЕК со документи и докази е заштитен од судот на СДС и ДУИ. Газдата на Марковски компани кој е близок …
Continue Reading
Мерц: Германија ќе издвои 29 милиони евра за Газа
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија ќе обезбеди 29 милиони евра (34 милиони долари) итна хуманитарна помош за Газа, откако Израел го ратификуваше прекинот на огнот со палестинската милитантна група Хамас. „Обезбедуваме 29 милиони евра за хуманитарна помош. Заедно со Египет, ќе организираме конференција за реконструкција на Газа“, напиша Мерц на платформата X. Тој оцени дека примирјето во …
Continue Reading
Мбапе за Винисисус: Подобро е од минатата година
Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач. Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал: „Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата …
Continue Reading
Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска
По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и кандидатката за негова наследничка во Општината од ВМРО – ДПМНЕ, Бети Стаменкоска-Трајкоска. „Овде зад нас обезбедивме градежна парцела за изградба на новата поликлиника, а целосно е изработен и основниот проект …
Continue Reading
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”. Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат …
Continue Reading
Алиу-Кузмановска по повод Европскиот викенд на органодонорство: Дарувањето орган е надеж за пациентите
Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, учествуваа на работна средба по повод одбележување европски викенд на органодонорство, во организација на националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска и директорите на универзитетските клиники за дигестивна хирургија, Костовски, на урологија Шабани и на нефрологија Ѓорѓиевски. – Континуирано сме посветени на унапредување на оваа дејност и стручно доусовршување на тимовите …
Continue Reading
Холандски бит и филмски ритам на „Скопје Синема Сити 2025“: Лауреат е култниот фотограф и режисер Антон Корбајн
Филмот „Контрола“ (Control, 2007) е биографска драма за Јан Кертис, фронтменот на култниот постпанк бенд Џој Дивижн ( Joy Division) , кој го обележа звукот на една генерација. На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кој оваа година ја поставува Холандија во фокус. …
Continue Reading
Бунт во Салцбург: Милијардер гради приватен тунел од неговата вила до центарот на градот, луѓето се бесни
Во Салцбург, градот на Моцарт и богатата историја, плановите на автомобилскиот магнат Волфганг Порше предизвикаа вистински бунт. Порше има намера да ископа приватен тунел под ридот Капуцинерберг за директно да го поврзе центарот на градот со неговата вила. Проектот предизвика петиција и обвинувања за фаворизирање на супербогатите, пишува „Кориере“. Вилата позната како „Paschinger Schlössl“ на ридот Капуцинерберг станала сопственост на …
Continue Reading