Уапсен крадец во Кавадарци: ја истепал и вработената во маркетот што го ограбил
Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 44-годишниот Л.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“. Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот. Таа се упатила кон него да ги …
Continue Reading
Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање од народниот митинг одржан во општина Дојран, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Тој зборуваше за како што вели, полуформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица за претстојните локални избори, тоа е истата …
Continue Reading
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко. При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното …
Continue Reading
Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје
На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. …
Continue Reading
Гаши: Собранието треба да е катализатор на промените во домувањето и енергетската ефикасност
Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со претставници на глобалната мрежа од САД „Habitat for Humanity International”, како и со претставници на „Хабитат Македонија”. Средбата се реализираше во рамки на одбележувањето на 20 годишнината од основањето и работата на Хабитат Македонија во нашата држава. На средбата претседателот Гаши ја честиташе годишнината која се одбележува …
Continue Reading
Нетанјаху: Договорот за Газа не беше можен порано
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека сегашниот договор за размена и прекин на огнот во Појасот Газа не можел да се постигне порано и дека тоа е овозможено со комбинација од воена сила и „дипломатски притисок“, првенствено од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. „Хамас никогаш не се согласи да ги ослободи сите наши заложници додека бевме длабоко во …
Continue Reading
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја
Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции. Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77). Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, …
Continue Reading
Злоупотребен профилот на основно училиште во општина Аеродром за политичка кампања, МОН и ДИК да реагираат, бара СДСМ
СДСМ Аеродром реагира на, како што велат, скандалозниот чин во кој основното училиште „Браќа Миладиновци” споделило видео-спот од политичка кампања за локалните избори. „Ова претставува директно прекршување на законите, принципите на непристрасност и професионалност, и претставува срамно партизирање на јавните институции. Училиштата се место за образование, воспитување и градење на вредности, а не алатка за партиска промоција. Злоупотребата на училишните …
Continue Reading
Меџити до Османи: Биди маж и избери време и место за телевизиска дебата и земи ги со себе Груевски и Мијалков
Кандидатот на владејачката коалиција „Вреди“ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, му одговори на неговиот противкандидат од редовите на НАИ, Бујар Османи, по изјавата дека на дебата, Меџити треба да го земе со себе премиерот Христијан Мицкоски. Меџити возврати: „Денес слушнав нешто ново, дека сум рекол да дојде на дебата со Али, со Артан и со неговите ПР агенции, …
Continue Reading