„Витезот Моливко и уште нешто повеќе“ повторно на сцена за Неделата на детето
На 8 октомври 2025 година, во Народниот театар во Гевгелија, во два термина- од 11:00 и 13:00 часот- беше реизведена театарската претстава „Витезот Моливко и уште нешто повеќе“, подготвена од Драмската секција за деца при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Настанот се реализираше во рамки на одбележувањето на Детската недела и манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“, …
Continue Reading
Киев бесен на Меркел: „Зборовите на поранешната канцеларка се неприфатливи“
Киев остро реагираше на тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Полска и балтичките земји ги саботирале обидите за решавање на украинскиот конфликт во 2021 година, што, како што изјави таа, индиректно придонело за почетокот на „Новата светска војна“, објавува Политико. Меркел во интервју изјави дека Франција и Германија потоа предложиле воспоставување нов формат за преговори со Русија, кој …
Continue Reading
Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично во Шутка вети Орце Ѓорѓиевски: Вака ќе и оддадеме посебна почит
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПНЕ Орце Ѓорѓиевски денес на жителите на Шуто Оризари им вети низа инвестиции што ќе создадат подобра локална инфраструктура, повеќе јавен простор и нови можности за спорт, култура, и социјална поврзаност пред се. Нов фудбалски стадион и нов културен дом кој ќе го носи името Есма Реџепова се главните проекти за Шутка. „Во Шуто …
Continue Reading
Фазлиу: Фирмата „АС Сењак“ на Ахмети е центар на бизнис-пајажина
Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, посочи Беким Фазлиу од „Вреди“. „Мислеа дека ако поднесеме иницијатива до Антикорупциската комисија, ние ќе застанеме и ќе чекаме. Се излажаа. Досега знаевме дека фантом-фирмата на …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми
Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми, кажа на прес-конференција „Венко Филипче цела кампања ја помина во градење позиции за планот на Заев кој треба да заврши со нови отстапки на Македонија доколку СДС добие некогаш можност да ја води државата и со преземање …
Continue Reading
Почнаа обуките на административците за модерната верзија на системот за управување со човечки ресурси
Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки за користење на модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), клучна алатка во дигиталната трансформација на јавниот сектор. Обуките се одвиваат паралелно на две локации, a целта на обуките е да се овозможи детално запознавање на институциите со новите функционалности на системот, неговата практична …
Continue Reading
УЕФА никогаш нема да дозволи формирање на Европска Суперлига
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека управното тело на европскиот фудбал никогаш нема да создаде или поддржи ексклузивно натпреварување, дополнително потврдувајќи го својот став против Европската Суперлига. Дванаесет од водечките европски клубови, вклучувајќи шест од Премиер лигата, потпишаа планови за формирање на Европската Суперлига во 2021 година. Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем ја претставуваа Англија, …
Continue Reading
(Видео) Шукова: Скопје без хартија, дигитален град за сите
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма. „Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна Шукова. Таа објасни дека концептот …
Continue Reading
Едно лице загина, неколкумина се повредени во сообраќајна несреќа во Кочанско
Вчера во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани. Во несреќата со повреди …
Continue Reading