Москва се заканува со последици ако ЕУ го искористи рускиот имот за финансирање на кредит за Украина
Русија денес изјави дека идејата за користење на нејзините замрзнати средства за кредитирање на Украина, за која дискутираат лидерите на ЕУ, е неразумна и би предизвикала многу остра реакција од Москва, додека белгискиот премиер повика на споделена одговорност меѓу земјите-членки во случај на таков план. Манипулирањето со руските средства би претставувало кршење на меѓународното право, а Москва има богат арсенал …
Continue Reading
(Видео) Костова: Бројот на работници во индустријата намален за 2,6 проценти, лоши политики на Мицкоски и ДПМНЕ
Во кругот фабрики во Штип, пред само неколку дена ѝ беше ставен клуч на уште една фабрика, чии работници останаа без плата, без здравствено и пензиско осигурување, без социјална безбедност. Со Мицкоски и ДПМНЕ, фабричките погони се празнат и затвораат, работниците остануваат на улица, вели Кристина Костова, потпретседателкта на СДСМ. „Индустриското производство паѓа, а за една година бројот на работници …
Continue Reading
Муцунски-Странд: посочена важноста од поголема динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ
Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој престојува во работна посета на земјава. Разговорите беа посветени на актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската унија и перспективите во пристапниот процес. Министерот Муцунски ја реафирмираше цврстата …
Continue Reading
Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип-имунизацијата ќе почне во втората половина на месецов
Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во текот на следната недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов, соопштуваат од министерството. „Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител …
Continue Reading
Напад во синагога: има загинати и повредени во Мачестер
Напад со нож се случи во синагогата Крамсал во Манчестер, а полицијата потврди дека две лица се убиени и дека „уште три граѓани се во сериозна состојба“. Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, го нарече нападот „сериозен инцидент“ и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Би-Би-Си, исто така, објави дека „се чини дека непосредната закана поминала“. Полицијата реагираше брзо и …
Continue Reading
Силен земнотрес ја погоди Турција
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот беше почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите. Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Continue Reading
Герасимовски: Воведуваме двосменско работење на градинките до 22 часот
„За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник на општината Горан Герасимовски. Тој потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради …
Continue Reading
Медиумите за Јамал: Треба да разбере дека се уште не е ѕвезда
Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите. Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри. Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да …
Continue Reading
Филипче и СДС во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче и СДС навистина треба да престанат да говорат за економската политика во државата, за да не се срамат. Тие во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време, како што нагласуваат од владејачката партија, пензиите се зголемуваа за 150 денари, граѓаните живееја со 150 денари на ден, земјоделците не добиваа субвенции, вработени не земаа …
Continue Reading