(Видео) Иранската ТВ ги цензурираше колената на финската и шведската министерка
Иранската државна телевизија изврши цензура на снимки од министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, и нејзината шведска колешка, Марија Малмер Стенергард, замаглувајќи ги нивните голи колена за време на извештај од дипломатски средби на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк. Иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад на платформата „X“ ја сподели снимката, опишувајќи ја цензурата како …
Continue Reading
Нова програма за Тетово на Касами: бесплатен јавен превоз, 100 евра за првачиња, нови училишта, жичница
Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, денес одржа прес-конференција на која ја претстави својата изборна програма за следниот четиригодишен мандат. Касами истакна дека изминатите четири години биле посветени на итни интервенции и решавање на основните проблеми со инфраструктурата, финансиската стабилизација и редот во општината. – „Тетово денес е многу подобро отколку што беше пред 4 години. Успеавме да …
Continue Reading
Светски ден на срцето: Граѓаните со голем интерес за бесплатните превентивни прегледи
По повод одбележување 29 септември–Светски ден на срцето, денес министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска го посетија превентивниот пункт во ТЦ „Дајмонд мол“. -Граѓаните покажаа голем интерес за бесплатно мерење крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта на превентивниот пункт. Здравствените услуги на пунктот ги врши тим од Институтот …
Continue Reading
Трамп воведува 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од САД
САД ќе воведат 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од земјата, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. „Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат бомбони од деца. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и …
Continue Reading
Шукова најави нов систем за собирање отпад и двојно повеќе контејнери во Скопје
Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска најави целосна реформа на системот за собирање отпад во главниот град. „Ќе воведеме паметен систем по теркот на европските градови – со нова механизација и GPS рутирање на возилата, за точно да се знае каде е полно и каде треба да се собира отпадот. Ова ќе биде систем без импровизации …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица
Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Но, се согласувам со премиерот кога вели дека граѓаните имаат две опции,“ истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Едната е напредна, проевропска опција, која нуди чесни и добри кадри, луѓе кои покажаа како се работи за доброто на граѓаните, а тоа е …
Continue Reading
Украинците тврдат дека опколиле неколку руски единици во регионот Донецк
Украинските сили опколиле неколку руски воени единици во близина на градот Добропиља во регионот Донецк, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, како што објави Киев Индепендент. Во текот на изминатиот месец, украинските сили ги потиснуваат руските сили кои напредувале 15-20 километри кон стратешки важниот пат Добропиља-Краматорск, во близина на градот Покровское, околу кој сè уште се …
Continue Reading
Богат викенд на 13. „Џифони Македонија“ исполнет со филмови и работилници
Младите од осум земји учесници на 13. „Џифони Македонија“ имаа богат викенд исполнет со проекции на филмови, ги започнаа своите работилници, а и дискутираа за филмовите што ги гледаа. Програмата на фестивалот се реализира во Кинотеката, каде што работат јуниорите, односно основците од шесто до деветто одделение, додека во Младинскиот културен центар се средношколците, кадети и сениори. Денес на програмата …
Continue Reading
Гаши на средба со в.д. амбасадорот на Катар
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност амбасадор на Државата Катар. Претседателот Гаши потенцираше дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи, и затоа ја реафирмираше потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Советот на Шурата на Државата Катар. Во …
Continue Reading