Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром

Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Затвореник во Штип фатен со марихуана, хашиш и хероин

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според истрагата, во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Штип, каде што ја издржувал својата затворска казна. Подоцна при претрес во просторијата во која престојувал биле пронајдени …

Continue Reading

Атлетико Мадрид ќе добие нов сопственик?

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид би можел да добие нови сопственици, тврдат шпанските медиуми. „Експансион“, беше првиот што објави дека сопствениците на Атлетико Мадрид се во финални преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“, кој треба да стане нов мнозински акционер на клубот. „Аполо“ ја проценува вредноста на клубот на 2,5 милијарди евра. Моменталниот мнозински акционер на клубот е …

Continue Reading

Медведев: Проектот на Советот на Европа за Украина е „апсолутно психоделичен“

Нацрт-конвенцијата за формирање меѓународна комисија за претензии за Украина е „апсолутно психоделичен“, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „Тешко е да се каже кои халуциногени супстанции ги користат службениците од Стразбур, но резултатите се јасни. Изготвен е целосно психоделичен нацрт на конвенцијата за формирање меѓународна комисија за барања кон Украина“, сподели Медведев. Политичарот нагласи дека Москва …

Continue Reading

„Везилка“ – самостојна изложба на Јана Јакимовска во КИЦ – Скопје

На 24 септември во 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје ќе се отвори самостојната изложба на цртежи и слики на академската сликарка Јана Јакимовска со наслов Везилка. За изложбата, кураторката д-р Ана Франговска ќе напише: Проектот Везилка на Јана Јакимовска е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу …

Continue Reading

Кантона: Време е УЕФА и ФИФА да го суспендираат Израел

Легендарниот француски фудбалер, Ерик Кантона смета дека ФИФА и УЕФА треба да ги елиминира израелските клубови од сите натпреварувања. Причината, секако, е геноцидот извршен од израелската држава во Појасот Газа. Се проценува дека 66.000 луѓе, вклучувајќи деца, се убиени во нападите на израелската армија од 2023 година. Кантона присуствуваше на концертот „Заедно за Палестина“ што се одржа во Лондон, од …

Continue Reading

А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола

Црвен тепих, WiFi free zones и средби со филмските визионери. Технологијата и уметноста заедно на „Браќа Манаки“ – Во пресрет на официјалното отворање на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, А1 Македонија, како генерален спонзор, активно ја живее магијата на подготовките и атмосферата што го преплавува градот под Пелистер. Под мотото „Сон на платно“, фестивалот оваа …

Continue Reading

САД сакаат повторно да ја преземат базата Баграм во Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат повторно да воспостават контрола врз клучната воена база Баграм во Авганистан, четири години по целосното повлекување на американските трупи. На заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Стармер, Трамп ја нагласи стратешката положба на базата и порача: „Ја сакаме назад таа база. Се наоѓа на еден час летање од местото каде што Кина …

Continue Reading

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за јавно здравје Куманово. Од вкупно 36 учесници на обуката организирана од фирма, дел од нив почувствувале повраќање, дијареја, висока температура и до 41 степен, како и стомачни болки, по што двајца биле хоспитализирани, тројца примиле терапија во дневна болница, а …

Continue Reading