Франција и Бразил не успеаја да дојдат до нокаут фазата

Првата фаза од Светското првенство во одбојка, на Филипини, заврши со две нега сензации. Пласман во нокаут фазата не изборија освојувачите на златниот медал на последните две Олимпијади, Французите и Бразилците, репрезентација која на последните шест Мундијали освојуваше медал. Бразил е елиминиран во групата со Србија и Чепка. Србија во третото коло го победи Бразил со 3:0, а со ист …

Continue Reading

Путин: Во Украина се распоредени 700.000 руски војници

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека во Украина има повеќе од 700.000 руски војници. Како што објави денес „Ројтерс“, Путин ја изнесе оваа бројка за време на состанокот со врвни руски пратеници, кој беше емитуван на државната телевизија. На почетокот на септември, Украинската воена разузнавачка служба (УРС), исто така, процени дека на украинска територија има речиси 700.000 руски војници, вклучувајќи …

Continue Reading

Мурињо се врати на местото каде што сè започна

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е новиот тренер на Бенфика, објави клубот од Лисабон. Мурињо (62) потпиша договор со челниците на „Орлите“ до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година. Мурињо со тоа се врати во клубот што го водеше во 2000 година. Бенфика беше неговиот прв клуб каде што работеше самостојно како тренер. Потоа …

Continue Reading

Трамп: Путин ме изневери

Американскиот претседател Доналд Трамп денес одржа заедничка прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер за време на посетата на Лондон. Стармер првично рече дека разговарале за зајакнување на одбраната, обезбедување поголема поддршка за Украина и „значително зголемување на притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“. Трамп првично повтори дека неговата цел е да ја спречи руската …

Continue Reading

Повеќе од еден милион луѓе протестираат во Франција

Денес низ цела Франција се одржува голем штрајк, а главниот синдикат известува дека повеќе од еден милион луѓе излегле на улиците, додека француската влада наведува бројка од 500.000 луѓе. Според најновите податоци од француското Министерство за внатрешни работи и париската полиција, повеќе од 500.000 демонстранти излегоа на улиците низ цела Франција. Во Париз, бројот на пријавени луѓе е 55.000. Францускиот …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 30 степени

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен …

Continue Reading

Почна реконструкцијата и изградбата на шест спортски терени во Гостивар

Општина Гостивар започна со реконструкција и изградба на 6 спортски терени, од кои 4 се спортски терени, еден парк со спортски терен и едно спортско игралиште, на различни населени места во градот. Од нив, 3 постоечки терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, додека 3 нови терени ќе се изградат од почеток, според најсовремените стандарди …

Continue Reading

(Видео) Трамп за откажувањето на емисијата на Џими Кимел: Тој кажа ужасна работа за Кирк

Џими Кимел беше отпуштен затоа што имаше лоша гледаност, повеќе од сè. Тој кажа ужасна работа за еден голем господин, Чарли Кирк. Џими Кимел не е талентирана личност… и требаше да биде отпуштен одамна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за Fox News, коментирајќи го откажувањето на емисијата на познатиот водител од страна на ABC. .@POTUS: “@jimmykimmel was fired because he …

Continue Reading

(Видео) Полицаец во Франција со клоци нападна учесничка на протестите

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како полицаец удира учесничка на протестите во Марсеј, Франција, при што таа паѓа на земја. „Ле Паризиен“ објавува дека полицаецот на видеото вели: „Губи се од тука“, пред еден од неговите колеги да ја турне на земја. 🚨ALERTE INFO Une manifestante se fait frapper au sol par un CRS à …

Continue Reading