Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе …

Continue Reading

(Фото) Заводливо и елегантно: Кејт Бланшет го носи најсовршениот комбинезон

Актерката Кејт Бланшет неодамна присуствуваше на 77-мото доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес и ги привлече погледите на црвениот тепих со својата облека. За посебната вечер, таа одбра да носи црн кадифен комбинезон од „Армани“. Станува збор за облека со широки ногавици и интересен горен дел што го нагласува градите. Комбинезонот има и отворен грб, што му дава на …

Continue Reading

Бенфика го отпушти Бруно Лаж

Фудбалскиот клуб Бенфика го отпушти тренерот Бруно Лаж по шокантниот пораз од Карабаг во првото коло од Лигата на шампионите. Бенфика претрпе пораз во Лисабон по пресврт, иако по 16 минути игра домашниот тим водеше со 2:0. Карабаг во Лисабон испиша историја на азербејџанскиот фудбал. Стана првиот клуб од Азербејџан што ги освои сите три бода во натпревар од Лигата …

Continue Reading

ИДФ: Средиштето на Хамас е во центарот на Газа, ќе го опколиме градот

ИДФ утрово го започна вториот ден од операцијата „Гидеонова кочија II“. Две редовни дивизии влегоа во градот Газа од различни насоки, додека стотици илјади Палестинци се уште се во градот. Во наредните денови, ним ќе им се придружи уште една дивизија, 36-та. Кога единиците ќе ги завршат своите операции, тие ќе го опколат градот Газа од речиси сите страни, јавуваат …

Continue Reading

Израелски министер: Ќе изградиме величествена полициска населба во Газа

Израелскиот крајнодесничарски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, вети дека ќе воспостави населба за израелските полицајци во Појасот Газа. На полициска конференција во понеделник, Бен-Гвир рече дека сака да изгради полициска област „на плажа“ во Газа, опишувајќи ја како „совршено место“. „Ќе изградиме прекрасен полициски округ таму, со високи згради и модерен дизајн. Со Божја помош, ќе победиме“, рече тој. …

Continue Reading

„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот договор што е постигнат помеѓу посредникот на Ахмети, Кренар Љога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани“, велат од „Влен“. „Сценариото е јасно: Мојсовска …

Continue Reading

„Јон Вардар“ со премиери во Кина, Германија и Романија

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со својата меѓународна фестивалска авантура. Во наредните недели филмот ќе биде прикажан на три престижни фестивали: Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата (Silk Road International Film Festival) во Кина, Фестивалот за детски и младински филмови Шлингел (SCHLiNGEL International Film Festival for Children and Young Audiences) во Германија и Галактички Имагинариум (Galactic …

Continue Reading

(Фото) Грција пронајде богатство од потонатиот брод „Британик“, сестрински брод на „Титаник“

Грчките власти објавија дека се пронајдени вредни артефакти од остатоците од бродот „ХМХС Британик“, повеќе од еден век откако сестринскиот брод на познатиот „Титаник“, потона во Егејското Море за време на Првата светска војна, објави Би-би-си. Иако операцијата за вадење беше спроведена во мај, веста беше објавена дури сега, кога Министерството за култура на Грција откри детали за пронајдените предмети. …

Continue Reading

Комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025)

На 19 септември (петок), со почеток во 13:00 часот, во киносалата на НУ Кинотека на Македонија ќе се одржи Комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“, и една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија општо. Илинденка Петрушева (4. …

Continue Reading