Британски хирург си ги замрзнал нозете за да ги ампутира, сега е откриено зошто го направил тоа
Британскиот хирург Нил Хопер (49), познат како „хирургот со протези“, е осуден на повеќе од две години затвор откако судот откри дека намерно ги замрзал своите нозе пред ампутација за да заработи повеќе од 600.000 долари од осигурителните компании. Хопер тврдел дека неговите ампутации во 2019 година биле последица на сепса и мистериозна болест, што привлече големо медиумско внимание и …
Continue Reading
(Видео) Искусен сурфер убиен од ајкула пред очите на пријателите
57-годишен искусен сурфер натрагично загина во напад од ајкула на Лонг Риф, северните плажи во Сиднеј, околу 10 часот наутро во саботата. Според полицискиот инспектор на Нов Јужен Велс, Стјуарт Томсон, сурферот бил во вода само половина час и на околу 100 метри од брегот кога ајкулата го нападнала. „Претрпе катастрофални повреди, вклучително и губење на неколку екстремитети“, изјави Томсон. …
Continue Reading
Израел ги повика жителите на Газа да бегаат кон југ пред офанзивата
Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел да се заштитат додека израелските сили ги засилуваат своите напади за освојување на преостанатите упоришта на милитантната група Хамас. „Ги повикуваме цивилите да ги напуштат зоните на конфликт и да се движат кон безбедните региони на југ. Ова е неопходно …
Continue Reading
Почина Илинденка Петрушева, големата дама на македонското кино
По кратко боледување вчера почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, истражувач на историјата на македонската кинематографија, публицист и одговорен уредник на единственото филмско списание „Кинопис“. Петрушева долги години беше раководител во Одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма во Кинотека на Македонија. Оттаму денеска изразија длабоко жалење и сочувство до семејството посочувајќи дека Кинотека на Македонија …
Continue Reading
„Нисан“ удрен од товарно возило кое избегало од местото на несреќата
Вчера во 16:49 часот на магистралениот пат Куманово–Крива Паланка се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило, кое го напуштило местото на несреќата, соопшти СВР Куманово. Возачот на „Нисан“, Л.С. (57) од Скопје, се здобил со телесни повреди и бил пренесен на соодветна здравствена установа. Полицијата презема итни мерки за пронаоѓање …
Continue Reading
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
-
новинар
-
September 6, 2025
-
Информации
-
0 Comments
(29.08.2025 – 04.09.2025) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и …
Continue Reading
А1 Македонија донира и официјално предаде во употреба Центар за психолошка поддршка за младите во Кочани
-
новинар
-
September 6, 2025
-
Бизнис и економија
-
0 Comments
– Поттикнати од потребата за долгорочна психосоцијална поддршка во Кочани и регионот, А1 Македонија иницираше проект за создавање безбеден простор за младите и нивните семејства. Денес, таа иницијатива е успешно реализирана со официјално отворање на младинскиот центар „Гнездо“, развиен во партнерство со локалното здружение „Супортко“. „Гнездо“ претставува простор за социјализација, емоционална стабилизација и заедничко закрепнување. Центарот ќе овозможи пристап до …
Continue Reading
Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ
Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ го ветуваа спротивното. „Иако во предизборните ветувања беше кажано дека сите ученици ќе добијат нови учебници, вистината е сосема поинаква. Самата министерката Јаневска призна дека учебници нема, иако се потрошени над 11 милиони евра од буџетот на граѓаните“, истакнуваат од …
Continue Reading
Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот
Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните. „Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, …
Continue Reading