26 земји се подготвени да испратат војници во Украина

Дваесет и шест земји се подготвени да учествуваат во меѓународните сили како дел од безбедносните гаранции за Украина во случај на мировен договор со Русија, објави денес францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на сојузничките земји во Киев. „Како форма на зајакнување на мирот, 26 земји се обврзаа да распоредат војници во Украина, каде што ќе бидат присутни на копно, …

Continue Reading

Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата. „Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која …

Continue Reading

Извор од Белата куќа: Трамп ѝ порача на Европа дека мора да престане да купува нафта од Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските лидери дека континентот мора да престане да купува руска нафта затоа што ѝ помага на Москва да ја финансира својата војна во Украина, изјави за „Ројтерс“ функционер од Белата куќа. Републиканскиот претседател се придружи на повикот на „коалицијата на добронамерните“ предводена од францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносни гаранции во случај на …

Continue Reading

(Видео) Шверцери истоварија дрога на плажа полна со туристи во Шпанија

Група шверцери со дрога се уапсени откако го истовариле својот товар пред шокираните туристи и капачи на популарна плажа на Коста дел Сол во Шпанија. Целиот инцидент се случил на плажата Плаја Анча, а видеото од настанот стана вирално. На него се гледа како глисер се приближува кон брегот, а потоа екипажот предава неколку големи пакети на група мажи на …

Continue Reading

Мерц: Погрешив во врска со Владимир Путин

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека европските лидери погрешно го процениле руско-украинскиот конфликт и рускиот лидер Владимир Путин. „Сите погрешивме во врска со Владимир Путин. Вистина е дека, според мене, отсекогаш сум бил скептичен. Но, требаше самиот побрзо да ја сфатам заканата – долго пред 2022 година, долго пред неговиот напад врз Украина – во 2014 година, кога тој го …

Continue Reading

Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните. „Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ. „Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против климатските промени

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, најстарата македонска научно-истражувачка институција, формирана во 1935 година од академикот Синиша Станковиќ. Таа ја истакна незаменливата улога на Заводот во проучувањето, заштитата и афирмацијата на Охридското Езеро, како и во зачувувањето на биолошката разновидност на Преспанското и Дојранското Езеро. За неа, …

Continue Reading

БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство. Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа. Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. …

Continue Reading