Нови правила за одобрување возила од 1 септември

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила во Македонија. На средбата присуствуваа министерката Сања Божиновска, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, претставници на Биро за метрологија и Царината како и професорот Дарко Данев кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат …

Continue Reading

Предложен притвор за таткото кој тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, …

Continue Reading

Седум пожари денеска во Македонија, три се изгаснати

На територијата на Македонија имаше вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола и изгаснати се три пожари, информира Центарот за управување со кризи. Активни се еден пожар во Општина Долнени, во село Долгаец каде гори мешана шума и еден пожар на влезот на Крушево каде гори депонија. Под контрола е пожарот во …

Continue Reading

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу загинатите е и снимателот на „Ројтерс“, Хусам ал-Масри. Фотографот Хатем Халед, исто така поврзан со „Ројтерс“, беше ранет во вториот напад, кој се случи додека спасувачите и новинарите брзаа кон …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ почнува со кампања за собирање предлози од граѓаните

Од среда, 27 август, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне седумдневна теренска кампања за собирање на идеи и предлози за проекти од граѓаните, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници. Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови …

Continue Reading

Вирц откри зошто го одбрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра. За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на …

Continue Reading

СЛОВЕНЕЧКИ УМЕТНИЦИ НАСТАПИЈА НА ЗАВРШНАТА ВЕЧЕР ОД „ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ“

Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид Џез Фестивал“. Многубројната публика уживаше во уникатни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции. Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на хармоника. Фестивалот „Охрид Џез Фестивал“ …

Continue Reading

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар) Дизел гориво …

Continue Reading

Поради пожар во Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за …

Continue Reading