Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари


13276420.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.


Меѓу загинатите е и снимателот на „Ројтерс“, Хусам ал-Масри.

Фотографот Хатем Халед, исто така поврзан со „Ројтерс“, беше ранет во вториот напад, кој се случи додека спасувачите и новинарите брзаа кон местото на првиот удар.

Очевидци изјавија дека нападите следеле по пристигнувањето на спасувачите и медиумските екипи на местото на првиот напад.

Еден спасител бил меѓу загинатите, а здравствените службеници ги идентификувале новинарите Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха.

Израелската армија и канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не го коментираа нападот.

Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година, повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелски напади, според Палестинскиот сојуз на новинари, како што објави „Ројтерс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK