Авионска бомба најдена во Кавадарци
Вчера во Кавадарци, на градилиште на улицата „Нов Белград“, беше пронајдена корозирана авионска бомба. Случајот го пријавил 39-годишниот Т.Д. од Кавадарци. На местото излегла увидна екипа од ОВР Кавадарци, а денеска бомбата била безбедно подигната од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола.
Continue Reading
Скопјанец дошол на преглед, па му се слошило и починал – Градската болница го пријави случајот во МВР
Вчера во Градската општа болница „8 Септември“ почина 80-годишниот Ж.С. од Скопје. Тој се пријавил на преглед поради здравствени проблеми, по што му се слошило и починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Continue Reading
HalkVeloGreen се враќа во Маврово на 8ми септември, пријавувањата се во тек
На 8 септември, Маврово повторно ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со традиционалната хронометар велосипедска трка HalkVeloGreen, која Халкбанк веќе шеста година по ред ја организира во рамките на својата „зелена“ платформа ХалкЕко. Настанот е повеќе од спортска трка, тоа е ден исполнет со енергија, дружење, рекреација и уживање во природата. HalkVeloGreen и годинава ќе ги обедини љубителите …
Continue Reading
Фестивал на уличната храна и музика во срцето на Аеродром
Во паркот „Авионче“ од 5 до 8 септември ќе се одржи првиот фестивал на улична храна во Општина Аеродром (AERO Street Food Festival), при што ќе биде понудено уникатно гастрономско и музичко доживување за сите генерации. Фестивалот се очекува да обедини 12 познати брендови за храна (Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, …
Continue Reading
Федерер стана милијардер
Поминаа три години откако Роџер Федерер ја заврши својата кариера, но и покрај тоа популарноста на швајцарскиот тенисер не опаѓа. Всушност, како што проценува „Форбс“, 44-годишникот од Базел сега има богатство од 1,1 милијарда долари. Неговото богатство се зголеми благодарение на добриот бизнис на брендот „Он“, кој продава патики. Федерер, чии родители работеле во фармацевтската индустрија, зад себе има импресивни …
Continue Reading
СДСМ: Најавата на Мицкоски за поставување владини повереници е директен напад врз уставниот поредок
Во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните. Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја, реагира СДСМ. „Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја. Како тоа Мицкоски планира …
Continue Reading
Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството
Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите кои вршеле надзор над работата на Стоматолошката комора се доставени до Јавното обвинителство за натамошно разгледување и постапување во согласност со законските надлежности. До Обвинителството се испратени три извештаи за работата на комисијата за надзор над законитоста при вршење на јавното овластување на Комората, изготвени на 25 …
Continue Reading
Нова измама со лажна сообраќајна несреќа: измамникот глумел лекар
Седумдесет и деветгодишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа …
Continue Reading
(Видео) Нормален ден во Бангладеш – автобуси се ‘гребат’ во сообраќајниот хаос
Во Бангладеш, возењето автобус не е само средство за транспорт, туку искуство што го одразува секојдневниот живот на земјата. Автобуси од сите облици и големини ги преполнуваат патиштата, од стари, преоптоварени минибуси покриени со боја и слогани, до автобуси на долги релации што поврзуваат далечни градови. View this post on Instagram A post shared by Architecture Discuss (@architecturediscuss) …
Continue Reading