(Видео) Рускиот нуклеарен гигант се врати во море по 30 години

По речиси три децении во бродоградилиштето, рускиот нуклеарен борбен брод „Адмирал Нахимов“ повторно плови под сопствен погон. Ова е клучен момент за руската морнарица, бидејќи гигантот од 28.000 тони последен пат пловел во 1997 година, а сега, по години поправки и модернизација, се подготвува да ја преземе улогата на предводник на руската флота, објавува The War Zone. Бродот започна со …

Continue Reading

„Балканкан“ прослави 20 години со проекција под отворено небо

Со специјална проекција под ѕвездено небо на „Rooftop Open Air Cinema“ во организација на Скопје Сити Мол и Синеплекс и во соработка со Кинотека на Македонија, синоќа беше одбележан големиот јубилеј – 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ во режија на Дарко Митревски. На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена …

Continue Reading

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра. Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење. Непријавените часовници, Rolex Submariner, Rolex Sky-Dweller и Omega Speedmaster, …

Continue Reading

Унгарија сè уште сака да биде домаќин на самитот Путин-Зеленски

Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина, и таа понуда сè уште важи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во подкаст емитуван на Фејсбук. Сијарто реагираше на извештаите дека Белата куќа ја разгледува унгарската престолнина Будимпешта како локација за можна трилатерална средба меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, рускиот …

Continue Reading

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината …

Continue Reading

(Видео) Нови снимки од воените вежби на Русија и Кина во Пацификот

Нови снимки прикажуваат заедничка поморска патрола меѓу Русија и нејзиниот близок сојузник Кина во западниот Пацифик, дел од воена соработка што отворено ги предизвикува САД во регионот, објавува „Њузвик“. Од почетокот на војната во Украина, Русија одржува партнерство со Кина што претседателот Владимир Путин го нарекува „неограничено“. Двете земји ги продлабочија воените врски, при што повеќе од половина од нивните …

Continue Reading

Групацијата Иуте ги објави резултатите од првата половина на 2025 година

Групацијата Иуте ги објави резултатите од првата половина на 2025 година Податоците како двигател на стабилен раст во динамичното окружување   Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во првата половина од 2025 година, …

Continue Reading

Зеленски: Спремен сум за средба со Путин, но не во Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повтори дека Украина е подготвена за билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека таа не може да се одржи во Москва. „Веднаш одговорив на билатералната средба. Подготвени сме. Но, што ако Русите не се подготвени? Европејците го покренаа ова прашање. Ако Русите не се подготвени, тогаш би сакале да видиме силна реакција од Соединетите …

Continue Reading

Обвинение против осум лица, од нив шест се полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица. Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда …

Continue Reading