(Фото) Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение
Во насока на обезбедување поквалитетни услови за настава и успешен почеток на новата учебна година, во основното општинско училиште „Ристо Крле“ изминатиов период се реализираа низа активности за унапредување на воспитно-образовниот процес, извести општината Илинден. Со почеток на новата учебна година, освен во ООУ „Гоце Делчев“, продолжен престој за учениците од прво до трето одделение за првпат се воведува и …
Continue Reading
(Фото) Спуштена завесата на јубилејното 65. „Охридско лето“
Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство покажувајќи како театарот може да …
Continue Reading
(Видео) „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски“, вели Кузеска
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а владата не им испорачува навремени средства“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. „Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, …
Continue Reading
Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани
Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица.
Continue Reading
(Видео) „Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски
„Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи, добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на …
Continue Reading
(Видео) „Стандардот на граѓаните постојано се намалува, а власта одбива да ги покачи платите“, вели Кузеска
„Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. „Во исто …
Continue Reading
Елмас се враќа под Везув – Наполи преговара со Лајпциг
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Според шепкулациите најголем интерес за Елмас покажува неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата. Наполи отвори преговори со Лајпциг, …
Continue Reading
Несреќа на патниот правец Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во целосен прекин
Денеска, околу 11:25 часот, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево се случи сообраќајна несреќа, извести АМСМ. Поради незгодата, сообраќајот е во целосен прекин.
Continue Reading
(Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб
Во загрепската населба Кајзерица, вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик. Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за Дневник.хр дека сопственикот е пронајден. „Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред …
Continue Reading