Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени
Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 75-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба. М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.
Continue Reading
Ограбена црква во Струмица
Во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 20:00 до 23:46 часот на 17.08.2025 со употреба на сила било влезено во црквата Свети Димитриј во Струмица и биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Скопјанец истепан од неколку малолетници во Аеродром
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот М.Ј. од Скопје пријавил дека на 19.08.2025 околу 17:45 часот на подрачјето на општина Аеродром бил нападнат од неколку малолетници, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
„СДС се последни кои имаат основ да зборуваат за животниот стандард на граѓаните, а Филипче и Заев освен луксузирања со народни пари не знаат ништо друго“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се последни кои имаат основ да зборуваат за животниот стандард на граѓаните. СДС за почеток треба да погледнат назназад седум години и да видат што направија за стандардот на граѓаните“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само една година ги зголеми платите во повеќе области. Се зголемија платите во здравство, образование, социјала, полиција. …
Continue Reading
Борнмут го официјализира трансферот на Адли
Мароканскиот фудбалски репрезентативец Амин Адли (25) го напушти Баер Леверкузен и потпиша петгодишен договор со Борнмут, објави клубот од Премиер лигата. Адли, роден во Безје и израснат во Тулуз, игра како крилен напаѓач. Во Бундеслигата играше од 2021 година, а претходно беше дел од Тулуз во Лига 1 и Лига 2. Во текот на три години во Баер, тој одигра …
Continue Reading
Со закана изнудил 1,5 милиони денари, поведена истрага за едно лице
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, во …
Continue Reading
(Фото) „Тошковски горд покрај командирот што пукаше и беше суспендиран, Ковачки се јави ли“, прашува СДСМ
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто“, велат од СДСМ. „Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли? …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир
„Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ. „Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа …
Continue Reading
AERO Street Food Festival 2025 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката
Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат …
Continue Reading