(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки
Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера. Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес. Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола …
Continue Reading
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој
Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш …
Continue Reading
(Видео) Дончиќ се повреди – веднаш го напушти теренот
Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот. Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период. За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ. …
Continue Reading
Путин денеска изјави дека преговорите со САД во Алјаска биле „многу искрени и содржајни“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека преговорите со САД во Алјаска биле „многу искрени и содржајни“ и ги приближиле двете страни до донесување на неопходните одлуки. – Разговорот беше многу отворен и по мое мислење нѐ доближува до потребните решенија, рече Путин на состанок во Кремљ посветен на резултатите од преговорите во Анкориџ. Тој додаде дека долго време не …
Continue Reading
(Видео) „Граѓаните“ се прошетаа низ Вулверхемптон
Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата. Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки. Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут. Премиер лига, 1. коло: Сабота Брајтон …
Continue Reading
Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат
Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат. Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Со отворањето на патот за пристап, како што наведува, се овозможи пешадиско дејствување на екипите на …
Continue Reading
Црна Гора се бори со пожари
Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола. Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила …
Continue Reading
На Табановце се чека 40 минути
Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е …
Continue Reading
Пет активни пожари, најтешки за гаснење во Јасен и Јажинце, вели Ангелов
Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде е зафатена мешана шума. Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, ставени се во функција и се користат сите можни ресурси. Активен е и пожарот во Јажинце иако досега …
Continue Reading