Макрон: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

Само неколку дена пред планираната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека Украина мора да биде вклучена во сите разговори за нејзината иднина. „Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, кои се борат за својата слобода и безбедност повеќе од три години“, напиша Макрон на X. „Бидејќи …

Continue Reading

Ердоган за Газа: Одлуката на Израел е неприфатлива, поддршката за Палестина продолжува

Одлуката на Израел да преземе воена контрола врз Газа е апсолутно неприфатлива, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор, пренесува Анадолу. Според турската Дирекција за комуникации, тие разговарале за израелските напади врз Газа и за најновите случувања во регионот. За време на разговорот, Ердоган повторил дека Турција ќе продолжи да стои зад …

Continue Reading

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

По распишување на Локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, започнува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз радиодифузерите за начинот на известување во периодот пред започнување на изборната кампања и за почитувањето на одредбите од Изборниот законик што се применуваат со распишување на изборите. До почетокот на изборната кампања, АВМУ ќе врши секојдневен мониторинг на …

Continue Reading

Идентификувани останките од три жртви од нападите на 11 септември

Останките од три жртви од нападите на 11 септември се идентификувани благодарение на напредокот во ДНК технологијата. Службениците во четврток објавија дека ги идентификувале останките на 26-годишниот трговец со валути Рајан Д. Фицџералд, 72-годишната пензионирана директорка на непрофитна организација Барбара А. Китинг и уште една жена, чие име се чува во тајност на барање на нејзиното семејство. Останките се идентификувани …

Continue Reading

Зошто Американците не го апсат Путин?

Кога рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Алјаска следната недела за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, тој ќе може да го стори тоа без страв од апсење. Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година, но ниту Русија ниту САД не се потписници на Римскиот статут, со кој е основан судот …

Continue Reading

На Табановце се чека по 40-тина минути за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за …

Continue Reading

Ристовски: Реконструирани спортските терени и поставени нови фитнес справи во ООУ „Кочо Рацин“ во Центар

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје, заврши комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште, кошаркарското игралиште и поставувањето на нови фитнес справи на отворено.   Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во овој проект се инвестирани 4,6 милиони денари, како одговор на барањата на жителите на Центар. Мултифункционалното игралиште е целосно обновено за фудбал, одбојка и ракомет, кошаркарското игралиште …

Continue Reading

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот. На 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола. Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема …

Continue Reading

Пратеникот на Трамп погрешно ги разбрал условите на Путин за мир, пишува „Билд“

Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, погрешно ги разбрал условите на Русија за прекин на огнот во Украина за време на средбата оваа недела со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Билд“. Германскиот таблоид наведува дека Русија не се откажала од своето барање за целосна контрола врз Крим и регионите Донецк, Запорожје, Луганск и Херсон пред прекин на …

Continue Reading