Обидите на „Вреди“ да клеветат, не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист, велат од ДУИ
Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година беше најголемиот и најзначајниот меѓународен настан организиран досега во Северна Македонија, настан кој собра министри за надворешни работи и делегации од целиот ОБСЕ простор, ставајќи ја нашата земја во центарот на светската дипломатија цели три дена, реагираат од ДУИ откако денеска „Вреди“ кажаа дека Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни криминални тендери. …
Continue Reading
Mozzart ја пишува спортската приказна – нов терен за идните шампиони во Свети Николе
Свети Николе стана третото светло на мапата на надежта, добивајќи мини пич терен, донација од компанијата Mozzart, во рамки на акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“. Оваа иницијатива не е само за спорт, туку за соништа, за младите кои со топка во нозете го бараат својот пат кон иднината. Приказната започна покрај езерото во Охрид, продолжи низ срцето на Велес, …
Continue Reading
Тимоти Веа: Разговарав со татко ми и веднаш решив да потпишам со Марсеј
Американскиот репрезентативец Тимоти Веа изјави дека неговиот сон се остварил со тоа што се приклучил на Олимпик Марсеј, клубот каде што кратко играл и неговиот татко Жорж Веа. „Ова е мојот дом сега, многу сум горд што сум тука. Сите ја знаат историјата на клубот, навивачите, стадионот. За мене е сон да бидам тука“, рече 25-годишниот Веа на официјалната презентација. …
Continue Reading
На Табановце се чека околу 20 минути
Од 09:45 ч. сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје е нормализиран, инфмормираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, …
Continue Reading
Поради силни ветрови во прекин фериботскиот сообраќај во Грција
Фериботскиот сообраќај во Егејското Море во Грција денес беше прекинат поради силни ветрови, кои достигнаа брзина од 60 километри на час, поради што илјадници туристи не можеа да одат до своите планирани дестинации. Забраната за пловидба, која ќе биде на сила денес најмалку до 13 часот по локално време, важи во сите поголеми пристаништа во Атика, а само фериботите на …
Continue Reading
(Видео) Дончиќ има нов автомобил, ѕвер од два милиони евра што оди над 400 км/ч
Лука Дончиќ, неодамна го продолжи договорот со ЛА Лејкерс, за три сезони ќе добие 165 милиони долари, а потоа и се приклучи на репрезентацијата, на подготовките за Европското првенство кое ќе започне на 27 август. Дончиќ бил забележан во центарот на Љубљана зад воланот на електричниот хиперавтомобил „Rimac Nevera“. Познато е дека кошаркарот на ЛА Лејкерс и ѕвезда на НБА …
Continue Reading
Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен – обележјето на македонските бранителите кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година. Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован …
Continue Reading
Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовираше новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците за училишен прибор и заштита на семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година. „Веруваме дека образованието треба да биде еднакво достапно за сите – без оглед на семејниот приход. Затоа, заедно со Владата, преземаме мерки што овозможуваат секое дете …
Continue Reading
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, …
Continue Reading