Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово. Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано …

Continue Reading

Тепачка во Психијатриската болница во Бардовци – едно лице усмртено со стаклено шише

Едно лице загина во тепачка што се случила во Психијатриската болница во Бардовци помеѓу двајца осуденици. Според информациите на МВР, синоќа во полиција е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопјe“ во Бардовци, во просторијата на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопско. Во …

Continue Reading

Петрушевски: Ако Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС

Ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Главниот обвинител Коцевски доби два црвени картони, првиот од народот директно кој нема доверба во него ниту 2% и вториот од народот преку пратениците со интерпелацијата. Главниот обвинител Коцевски е свесен дека …

Continue Reading

Приведен возач во Македонски Брод, управувал возило со 2,39 промили алкохол во организмот

Вчера во 11:35 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(54) од Македонски Брод. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и …

Continue Reading

СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ. Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. „Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, …

Continue Reading

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фри шоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Во моментот кога првоосомничениот, возач …

Continue Reading

Денис Ричардс упаднала кај поранешниот по кучето, има забрана за приближување

Актерката Денис Ричардс, е видена како разговара со полицијата откако неочекувано влегла во куќата на нејзиниот поранешен сопруг, Арон Фајперс, и покрај тоа што има изречена забрана за приближување. Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментално живее Фајперс со неговите родители и брат, наводно за да го земе својот милениче – …

Continue Reading

(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар. Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. …

Continue Reading

Јапонија ќе гради високо автоматизирани воени бродови за Австралија

Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година — чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам. Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува …

Continue Reading