Утре сончево време, со локална појава на дожд и грмежи
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево …
Continue Reading
ВЛЕН најави нова болница во Кичево, инвестиција од 47,5 милиони евра
Кичево ќе има нова, целосно модерна болница, достојна за 21 век и за граѓаните кои живеат со гордост, достоинство и доверба во оваа земја, изјави Беким Сали од ВЛЕН. „Инвестицијата од 47,5 милиони евра во Кичево ќе овозможи изградба на регионален центар по европски стандарди, со нова модерна инфраструктура, најсовремена медицинска опрема и услови што инспирираат безбедност и доверба кај …
Continue Reading
Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите до Мадрид и Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу …
Continue Reading
Сиљановска – Давкова: Мора да се спротивставиме на омразата кон навивачите
Мора да се спротивставиме на омразата кон навивачите, да ја негуваме и облагородуваме, да учиме и да учиме како да навиваме, односно како да не навиваме, да ја интензивираме битката против предрасудите и судирите меѓу „различните“, мора да се запознаеме, мора да го спречиме излевањето на омраза, мора да реагираме на време, мора да ги третираме актите на омраза, мора …
Continue Reading
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат
На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за дигитален мобилен рендген-апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока благодарност до Амбасадата на Јапонија, а особено до амбасадорката Сецуко Кавахара за нејзиниот личен ангажман и …
Continue Reading
Тошковски за дивеењето по скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание
Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, а на кое едно лице качено на хауба се вози по улица. Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека …
Continue Reading
Јовиќ потпиша договор со АЕК
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот. Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра. Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање на нови работни места
Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање на нови работни места, 40 милиони евра за самовработување и 250 милиони за компаниите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ дека бројот на вработени од лани паднал за 17.000. „Очајниот и безидеен СДС бара сламка на која може да се фати само за медиумско внимание. Неговата безидејност оди …
Continue Reading
Државната матура поуспешна од лани со просечна оценка 3,69, годинава немало препишување
Со просек повисок од ланскиот, матурантите го завршија полагањето на државната матура во јунскиот рок во учебната 2024-2025 година. Голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултетите и не беа евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото. За новините во начинот на организација годинава и резултатите од државната матура, денес прес конференција одржаа …
Continue Reading