Песков за санкциите на Трамп: Русија веќе разви имунитет

Кремљ денес објави дека продолжува да ги следи изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со санкциите против Москва, но дека Русија, благодарение на долгогодишното искуство, е имуна на вакви мерки. Трамп вчера изјави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија за 10 дена ако Москва не покаже напредок кон прекинување на повеќе од …

Continue Reading

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа денес градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Најави тужба за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која два месеца шета по градилишта за дивоградби низ Чаир, го обвинува Ганиу за криминал, а минатата недела побара негово итно апсење. „Моите адвокати работат …

Continue Reading

Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур

Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур. Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка. Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда. Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток. Фото: принтскрин

Continue Reading

Сиљановска-Давкова со Советот на амбасадори: потенцирана важноста од именување на кариерни амбасадори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски. Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети и консултации за меѓународните прашања. …

Continue Reading

Заев сам призна дека потпалувачот на пожар бил шофер кај него, СДС да се извинат, бара ВМРО-ДПМНЕ

А.Н. шоферот на Заев кој е уапсен за потпалување пожар бил шофер на Заев, тоа и самиот го признава, но како народната – ,,Не по врат, по шија“ се вади, не беше мој, на општината беше“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за …

Continue Reading

Дурмиши за новата потрошувачка кошничка: ќе служи за градење политики поврзани со минималната плата и ќе се усогласи со европските стандарди

На четвртата седница на Економско-социјалниот совет, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ја истакна важноста од повторното активирање на трипартитниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, кој претставува суштински механизам за социјална кохезија и економски напредок. Тој ги поздрави новите претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати, со што, како што рече, се враќа легитимитетот на Советот. Министерот информираше дека …

Continue Reading

Муртезани – Брн: Проширувањето мора да остане кредибилен процес заснован на заслуги

Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска оствари билатерална средба со министерот за европски прашања на Ирска, Томас Брн, кој престојува во работна посета на Скопје. Средбата беше проследена со заедничка прес-конференција на која министрите упатија силна заедничка порака во поддршка на процесот на проширување на Европската Унија и европската перспектива на Северна Македонија. Министерот Муртезани истакна …

Continue Reading

Кривилни пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина …

Continue Reading

Хуманитарен музички настан на Споменикот на слободата во Кочани

На први и втори август ќе се одржи хуманитарен музички настан Расплет фестивал, на Споменикот на слободата во Кочани, организиран од млади луѓе меѓу кои и бендот Корка од Кочани. Главна цел на настанот е да се подигне свеста дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови на формирањето на Support Kocani. …

Continue Reading