Шпанија во последната секунда избори пенал серија, па се пласира во финалето на СП
Шпанија, потешко од очекуваното, стана првиот финалист на Светското првенство во Сингапур. Во полуфиналето, актуелниот европски шампион ја победи Грција со 11:9 (3:2, 3:1, 0:1, 1:3, 4:2). „Црвената Фурија“, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за прв пат од 2022 година, кога ја освои титулата. Исто така со оваа победа Шпанија обезбеди медал, петти пат по ред на светските …
Continue Reading
„Сиљан“ на Тамара Котевска со премиера во Венеција
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на Sundance и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „The Walk“, македонската режисерка Тамара Котевска се враќа на голема врата. Нејзиниот нов филм „Сиљан“ The Tale of Silyan ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот филмски фестивал во Венеција 2025, во официјалната …
Continue Reading
Владата на одмор меѓу 5 и 15 август, кажа премиерот Мицкоски
Министрите од Владата ќе бидат на одмор во периодот од 5 до 15 август. Премиерот Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандумот за разбирање со турската компанија „Казанџи холдинг АС“ кажа дека Владата ќе биде на одмор во тој период, а по годишните одмори официјално ќе го соопшти начинот на кој владината коалиција ќе настапи на …
Continue Reading
Кремљ за мировните преговори со Украина: Не очекувајте чуда
Кремљ соопшти дека нема причина да се очекуваат чуда од предложената трета рунда директни руско-украински мировни преговори и одби да даде каква било временска рамка за потенцијален договор за прекин на војната. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во саботата изјави дека Киев испратил понуда до Москва да одржи уште една рунда мировни преговори во Турција оваа недела и дека сака да ги …
Continue Reading
Презентација на ШТЕТ-НА: Локалните избори се тест за политичарите да ја намалат штетната реторика
Политичарите треба да практикуваат етичка, транспарентна и професионална комуникација, базирана на факти, а не на манипулации и навредливи изрази – е еден од заклучоците од презентацијата на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“ пред пратениците, која ја организираше Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието. Станува збор за наоди од деветмесечниот мониторинг на штетните наративи на …
Continue Reading
Пилотот е виновен за најголемата авионска несреќа во Јужна Кореја, исклучил погрешен мотор
Истрагата за најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја откри дека пилотот исклучил погрешен мотор. 179 лица на летот 2216 на „Џеџу Ер“ загинаа кога авионот се урна во бариера додека се обидуваше да слета на меѓународниот аеродром Муан во декември минатата година. Само стјуардесата и стјуардот преживеаа. Тоа беше принудно слетување по судир со јато птици. На 29 декември, пилотите пријавија удар со …
Continue Reading
Саул го одби Трабзон се сели во Фламенго
Саул Нигез по 17 години го напушти Атлетико Мадрид. Играчот, кој претходната сезона ја мина на позајмица во Севилја, спогодбено се раздели со клубот од „Метрополитано“. Саул како слободен играч се очекуваше да се пресели во Трабзон. Во неделата, турскиот клуб испрати авион по него во Мадрид, но тој одби да отпатува во Турција. Медиумите објавија дека во договор со …
Continue Reading
Пукале со пиштол на семејна веселба во кичевско, повредено 16-годишно момче
Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село. Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле …
Continue Reading
СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски
СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР. Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски. „По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски …
Continue Reading