Доминација на Маркез во Брно

Марк Маркез ја продолжи доминацијата во кралската класа во Мото Гп шампионатот. Шпанецот во Брно, ја освои Големата награда на Чешка. Маркез ја забележа 96.победа во кариерата, а во Брно по 70.пат победи во кралската класа. Маркез стана првиот возач во историјата на Дукати со пет последовни победи. На патеката во Брно, Маркез запиша рутинска победа, откако во осмиот круг …

Continue Reading

(Фото) Кабул на работ на катастрофа: прв главен град во светот што може да остане без вода

Главниот град на Авганистан се соочува со сериозна водна криза која станува се’ поопасна и неподнослива за локалното население. Со растечката популација и климатските промени, подземните води од кои Кабул зависи драстично се намалуваат, а околу 80% од нив се контаминирани, што доведува до здравствени проблеми кај граѓаните. Според податоците на хуманитарната организација „Мерси Корпс“, во последната деценија нивото на …

Continue Reading

(Фото) Успешна спасувачка акција на Пелистер

По пријава на повредено лице од страна на граѓанин преку телефонскиот број за итни повици 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побара организирано извлекување со хеликоптер на планинар од Велес, кој се здобил со повреда на Пелистер планина, во близина на Битола. Во 12:30 часот успешно интервенираа припадници на Министерството за внатрешни работи, со хеликоптер и специјалната единица …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ. „СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година па навака. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата. За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци. Веќе една година …

Continue Reading

Приведен маж кој со молотов коктел запалил сува трева

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во СВР Куманово во 02:10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено. „Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што …

Continue Reading

(Видео) Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот океан

Патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, кој летал кон Атланта, мораше итно да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако се појавил оган во левиот мотор веднаш по полетувањето. Станува збор за авион од типот „Боинг 767-400“, кој безбедно слета, а противпожарните служби веднаш интервенираа и го изгасија пожарот. Инцидентот се случил додека леталото било над Тихиот Океан, …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Според неа, „со предлог законските измени кои Тошковски ги предлага во Законот за полиција, тој готви партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ под негова контрола“. „Наместо модерна, професионална, европска полиција – Тошковски го претвора …

Continue Reading

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за општината се обезбедени вкупно 3,3 милиони евра. Тој истакна дека токму тоа е доказ дека новата влада се грижи подеднакво за сите општини и сите граѓани. „Во последната година, со централна власт од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, обезбедени …

Continue Reading

Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови

Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, не престанува да привлекува внимание – и на теренот и надвор од него. Откако неодамна го продолжи договорот со каталонскиот гигант, Јамал го промени и бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе ја носи легендарната „десетка“. Оваа промена предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, па клубот за само 24 часа продаде …

Continue Reading