Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”. Одлуката, како што соопштија е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по …

Continue Reading

Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Срамно и недозволиво е во 21 век, среде лето, болница каде што се лекуваат деца да остане без вода, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување во Скопје. Ништо не остана од комуналната инфраструктура во главниот град, велат од СДСМ. Власта, додаваат од опозициската партија, треба да им објасни на граѓаните за чии интереси го доведе во ваква состојба системот за водоснабдување. „Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не поддржаа ниту една одлука за одржување на водоводниот систем, …

Continue Reading

Мицевски за соработката со Унгарија: Пред нас е договор кој е особенo важен за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Овој договор, како што дополнува, не е обичен акт на меѓународна соработка. „Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога …

Continue Reading

За 23.016.155 денари зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година

Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, од вкупниот износ 839.325.393 денари, е зголемен за 23.016.155 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на последната 65. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 862.341.548 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година уследи по зголемувањето на приходите на Основниот буџет за 23.016.155 денари …

Continue Reading

Армијата ја засилува својата борбена готовност, промовирани новите артилериски орудија „Боран“

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше промовирана нова артилериска батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, кои се набавени од Турција во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На промоцијата, премиерот Мицкоски …

Continue Reading

ЗНМ: Пресудата за новинарот Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот „Фокус“, за случајот од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија. „Оваа судска пресуда, која следеше по одлуката на Уставниот суд од 2023 година, претставува значаен чекор напред …

Continue Reading

„Законот за верски училишта е направен согласно уставните одредби и е во согласност со важечките законски прописи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС забораваат да кажат дека токму решението за регулирање на статусот на училиштето на Исламската верска заедница, кое го донесе нивниот премиер, Талат Џафери, беше укинато од Уставниот суд поради тоа што го прекршуваше принципот на секуларност на државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Kристина Kостова. „Новиот закон за верски училишта кој го предлага Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ …

Continue Reading

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Мелис, Мира и Малахат, трите предвремено родени бебиња во Клиника Жан Митрев, по неколку недели поминати во Центарот за мајка и бебе, денеска си заминуваат дома. Тројката се роди на 4 јуни 2025, од природно зачната бременост, што е реткост во современата медицина. Родени со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31 гестациска недела, новороденчињата се во стабилна …

Continue Reading