Мајка го фрлила новороденчето во полскиот тоалет во Романија
Жена во Романија го убила своето новородено дете на грозоморен начин, пренесуваат медиумите во регионот. Според официјалното соопштение на Обвинителството при Окружниот суд, на 30 јуни 2025 година, во нејзиното домаќинство, жената родила без помош здраво девојче, тешко 3.440 грама, со јасни знаци на активно дишење. Наместо да повика брза помош или да ги извести властите, мајката го фрлила бебето …
Continue Reading
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии. „Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат …
Continue Reading
(Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума. При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР. Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.
Continue Reading
Македонија ќе ја претставуваат рекорден број млади спортисти на ЕМОФ Скопје 2025
Македонскиот олимписки комитет го промовираше националниот тим од 203 члена (181 спортист) за претстојниот Европски Младински Олимписки Фестивал, што од 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек Македонската спортска делегација ќе брои вкупно 203 члена, од кои 181 спортист на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 …
Continue Reading
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници
На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште …
Continue Reading
Се потврди нашата теза дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, излегоа со кадар на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Се потврди фактот дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, откако претходно Ралев и уште еден познат скопски адвокат ги одбија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС, како што оценуваат од партијата на власт, тонат се подлабоко во својот бунар без дно, сите кандидати, како што велат, или им се претседатели на општински организации кои мораат да излезат и да изгубат …
Continue Reading
(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. „Кандидат за градоначалник …
Continue Reading
(Видео) Усик и Дубоа се измерија пред борбата: не ги тргнаа очите еден од друг
Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Украинецот Олександр Усик, ќе ги брани своите појаси на 19 јули. Потоа ќе се бори на Вембли со локалниот борец Даниел Дубоа, човек кого веќе го победи еднаш со нокаут, во август 2023 година. Усик има 23 победи во кариерата од исто толку борби. Во првата борба беа во прашање светските титули во …
Continue Reading
Европски младински олимписки фестивал (EYOF) 2025 во Скопје и Куманово: ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји
Најголемиот младински спортски настан во Европа, кој ги поврзува учесниците во духот на олимпизмот, пријателството, меѓусебната почит и поддршка, ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска), од 20 до 26 јули 2025 година. На традиционалниот престижен олимписки фестивал ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји, над 4000 спортисти на возраст од 14 – 18 години, нивни тренери …
Continue Reading