(Видео) 11 лица се повредени откако џип се заби во градина на ресторан во Атина
Црн џип се заби во градина на ресторан во населбата Колонаки во Атина со голема брзина доцна синоќа, од сè уште непознати причини, а според властите, во несреќата се повредени 11 лица. Еден од повредените е задржан на интензивна нега на набљудување, додека две жени се оперирани поради сериозни скршеници, објавија грчките медиуми. Според медиумските извештаи, возилото било паркирано на …
Continue Reading
Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз Украина биле лансирани најмалку 1.800 беспилотни летала, над 1.200 лизгачки бомби и 83 ракети. „Русите го зголемуваат теророт врз нашите градови и општини со цел дополнително да го заплашат народот“, изјави Зеленски преку Телеграм, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според …
Continue Reading
Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед
56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на 12 јули 2025 година во 06:40 часот, кога товарно патничко возило „Рено“ со охридски регистарски таблички, управувано …
Continue Reading
Критични пожарите кај Крушје и Локвица, огнот во Николич го гаснат „ер-трактор“ и хеликоптер
Од вкупно околу 15 активни пожари на отворен простор низ земјата, три се оценети како најсериозни: во атарот на дојранското село Николич, кај велешкото село Крушје и кај селото Локвица на територија на општина Македонски Брод. Овие пожари, според првичните проценки, бараат пообемна и посложена интервенција на терен. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, попладнево изјави …
Continue Reading
Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи кои со децении го негуваат македонското културно наследство и ја афирмираат националната традиција. Како што информира Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова им честитала на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, посакувајќи им среќен и исполнет заеднички живот, полн со љубов, разбирање …
Continue Reading
Тројца полицајци повредени во сообраќајка
Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Скопје, на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“, улицата „Ѓорче Петров“ и улицата „Ацо Шопов“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 12 јули 2025 година околу 15 часот, при судир помеѓу патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од …
Continue Reading
Продолжува доминацијата на Марк Маркез
Возачот на Дукати, Марк Маркез, денес победи на Големата награда на Германија и го зголеми своето водство во генералниот пласман. Во 200-тата трка во својата кариера, Маркез водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути. Тој ја постигна својата деветта победа на патеката Заксенринг. Тоа беше неговата 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ …
Continue Reading
(Видео) Гореше зграда во Анкара, бебе и двајца возрасни загинаа, 26 лица се повредени
Три лица, меѓу кои и тримесечно бебе, го загубија животот во страшен пожар што избувнал синоќа околу 22:00 часот во станбена зграда со 26 ката во квартот Чанкаја, во главниот град на Турција, Анкара. Според информациите на турските власти, огнот избувнал на четвртиот кат од зградата, а пламенот брзо се проширил на повисоките катови. Екипите на противпожарната служба работеле скоро …
Continue Reading
Скопјанец упасен во Албанија, Австрија го бара за издржување 20 години затвор
Во рамки на акцијата „Операција 54“, албанската полиција уапси македонски државјанин кој се барал со меѓународна потерница издадена од австриските власти за сериозни кривични дела, меѓу кои трговија со дрога, закани, изнуда и телесна повреда. Како што информира Дирекцијата на силите за специјални операции во Албанија, приведен е 41-годишниот М.А. од Скопје, кој бил лоциран и уапсен на албанска територија. …
Continue Reading