Челзи го совлада Флуминенсе со 2:0 и се пласира во финалето на Светското клупско првенство
Фудбалерите на Челзи обезбедија пласман во финалето на Светското клупско првенство со убедлива победа од 2:0 над бразилскиот тим Флуминенсе. Натпреварот се одигра на стадионот „Метлајф“ во САД, каде што англискиот претставник доминираше во текот на целиот меч. Двата гола за „сините“ ги постигна Жоао Педро, во 18. и 56. минута, носејќи му на Челзи сигурна предност и контрола над …
Continue Reading
Шкендија одигра нерешено, 0:0, против ТНС во Велс, реванш во вторник во Скопје
Без голови заврши првиот натпревар во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Екипата на Шкендија одигра нерешено, 0:0, на гостувањето против екипата ТНС во Велс, Велика Британија. Шкендија беше рамноправен ривал на ТНС. Во најголем дел од мечот топката беше кај нив, имаа неколку нереализирани можности, но не успеаја да најдат простор за гол и по продолжението од …
Continue Reading
Бразил: Tинејџер уби едно, а повреди две други деца и наставник во основно училиште
Едно дете е убиено денес, а две деца и еден наставник се повредени, кога тинејџер ги нападнал со нож во основно училиште во градот Естакао на северот од Бразил, објавија локалните медиуми. Осумгодишно момче им подлегнало на повредите во болница по нападот, а повредени се и две осумгодишни девојчиња, соопштија официјални лица. Шеснаесетгодишниот напаѓач е уапсен од полицијата, објави G1.globo. …
Continue Reading
(Видео) Над 200 деца отруени во градинка во Кина: храната содржела 2.000 пати повеќе олово од дозволеното
Повеќе од 200 деца се лекуваат во болница поради труење со олово во северозападна Кина, откако готвачите во градинка користеле боја за украсување на нивната храна. Осум лица се уапсени откако тестовите покажале дека примероците од храна од градинката Пеиксин во градот Тјаншуи, покраината Гансу, содржеле 2.000 пати повеќе олово од дозволеното. 8 individuals connected to the #children‘s abnormal blood …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Ромите не заслужуваат маргинализација и дискриминација, туку отворена поддршка и рамноправност во сите права
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на второто издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ којшто годинава Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го организираше на тема „Право на домување на Ромите“. Во своето обраќање Сиљановска-Давкова истакна дека не треба да се зборува само за статистика или политики, туку да се чуе за нееднаквоста, за животните искуства на Ромите, како …
Continue Reading
Хеликоптер на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран
Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан за гасење пожар во реонот на Дојран, соопшти МВР. Притоа во 22 налети биле исфрлени преку 30 тони вода. „Поради ноќните услови хеликоптерот се повлече во базата“, информираа од ова министерство.
Continue Reading
(Видео) Тепачка во парламентот на Ерменија
Денес, меѓу членовите на Националното собрание на Ерменија избувна тепачка, во која учествуваше и член на опозицијата, на кого подоцна му беше одземен имунитетот и се соочува со кривична постапка за повикување на смена на премиерот Никола Пашињан. Пратеникот Артур Саргсјан го заврши својот говор во парламентот изјавувајќи дека случајот против него е „решен однапред“, а потоа се обиде да …
Continue Reading
(Видео) Најдобриот скијач во светот одмара во Хрватска
Светскиот шампион во скијање Марко Одермат објави видео од Хрватска. Брилијантниот Швајцарец одмара, сурфајќи користејќи специјална даска со електричен мотор. Одермат е на одмор со пријатели, а со него е и Џино Кавизел, исто така швајцарски скијач и редовен учесник во трките од Светскиот куп. Одермат го сподели видеото на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by …
Continue Reading
Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите, велат од СДСМ
Нема крај на морбидното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мцикоски. Во услови на огнена стихија и прогласена вонредна состојба на територија на целата држава, партијата на власт наместо да бара решенија, бара изговори за катастрофата, реагираат од СДСМ. „Минатата година со ВМРО-ДПМНЕ на власт изгореа помеѓу 10% и 15% од целокупната територија на земјата. И тогаш наместо одговорност, Мицкоски бараше …
Continue Reading