Отворена истрага за шест лица од Скопје и Куманово за трговија со дрога

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. „Во временскиот период од 01.05.2025 година до 03.07.2025 година, осомничените шест лица заедно, во повеќе наврати со умисла извршиле …

Continue Reading

Филков: Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилигираните

По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, изјави министерот за правда, Игор Филков. Додаде дека изминатите 12 месеци, подготвени се и доставени …

Continue Reading

Kaндидатот за градоначалник на Цирих потекнува од Куманово

Прпарим Авдили, чијашто фамилија потекнува од Кумановско, е номиниран за кандидат за градоначалник на Цирих од страна на Либералната партија (ФДП). Веста ја објави самиот преку Фејсбук, каде што спомена дека е дете на имигранти кои се доселиле во Цирих. „Пораснав во Цирих, дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал …

Continue Reading

Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон дигитална евиденција. Од импровизација кон стратегија. Оваа реформа ја носиме во време кога граѓаните одамна го изгубија трпението. И со право. Затоа што долго време имаше една логика- администрацијата како партиски плен, институциите како приватен имот. Ние градиме систем. А …

Continue Reading

Здравковски: Ребалансот на буџетот носи повеќе пари за плати, пензии, образование и здравство

Пратеникот Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека со започнувањето на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, Владата демонстрира зголемена финансиска дисциплина, раст на приходите и пренасочување на средства кон клучни сектори. „Со ребалансот обезбедуваме 800 милиони повеќе за плати, 2,5 милијарди повеќе за пензии, 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции,“ рече Здравковски. Тој нагласи дека …

Continue Reading

Вистински младински музички спектакл- гитара, бас-гитара и тапан во совршена хармонија

Во рамките на културната манифестација „Гевгелија град на културата за 2025 година“, вечерта на 3 јули 2025 година, платото пред Народниот театар беше исполнето со звуци на музика, аплаузи и емоции. Завршниот концерт на Секцијата за гитара при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија претставуваше врвно музичко доживување за сите присутни и ја претвори жешката летна гевгелиска вечер во …

Continue Reading

Приведени криминалци барани со потерници за затворски казни

На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. …

Continue Reading

Од четврток температурите ќе паднат за 8 до 10 степени

Утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ. Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 …

Continue Reading

Уапсен возач во Скопје, возел пијан и предизвикал сообраќајна несреќа

Уапсен е возач во Скопје кој возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна несреќа во која тешко е повредено едно лице. На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано …

Continue Reading