ЗАПОЧНА 64-ТО ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Со концерт на Македонскиот ансамбл „Танец“ и КУД „Гердан од Бисери“ вчеравечер на сцената на Долни Сарај започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање пред присутните имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. -Во мое лично име и во името на охриѓани ви посакувам срдечно добредојде во …

Continue Reading

(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех. Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо …

Continue Reading

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава. Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат …

Continue Reading

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and Defence Technologies Zrt., остварија официјална посета на Скопје, каде што се сретнаа со Александар Николоски, заменик премиер на Република Македонија и Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата се разговараше за модернизацијата на Армијата на Северна Македонија, со посебен акцент на идентификување области каде што …

Continue Reading

(Видео) Мицевски: Кандидатите на СДС се истите од претходните избори, избрани по волја на Заев

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на прес-конференција одржана на 5 јули, изјави дека кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори се истите кои се појавиле и во претходните два изборни циклуси. Според него, тоа претставува доказ дека, како што рече, „Зоран Заев ги одбира кандидатите, а Венко Филипче ги потврдува“. Мицевски ги посочи примерите на …

Continue Reading

(Видео) СДСМ Куманово: Димитриевски влезе во коалиција со Мицкоски за да се спаси од судски прогон

Соња Тодоровска од СДСМ Куманово, се осврна на одлуката на Обвинителството да се откаже од постапката против Максим Димитриевски. Според Тодоровска, повлекувањето на Обвинителството го открило, како што рече, вистинскиот договор меѓу Димитриевски и Христијан Мицкоски. Таа обвини дека Димитриевски добил заштита од актуелната власт, а неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да избегне одговорност. „Максим Димитриевски не …

Continue Reading

Стефковски со порака до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на проблемот со недостатокот на вода за пиење. Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода. „Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба …

Continue Reading

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека институциите работат на утврдување на фактите, а резултатите се очекува да бидат видливи во скоро време. На прес-конференција во Владата, каде што ги презентираше резултатите од првата година од мандатот, …

Continue Reading

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка патека на кејот на Вардар кај Паркот на франкофонијата. Обвинителството утрово соопшти дека вложило жалба на одлуката за куќен притвор. По информацијата дека двапати претходно бил осудуван, од Обвинителството информираа дека  дека кај нив е евидентиран со предуда за насилство …

Continue Reading