(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина. „Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс. Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst …
Continue Reading
„40 милиони евра изгубени – дебакл на Европската агенда на сите фронтови“, велат од ДУИ
„Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент поминува веста дека државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија. Овие средства не беа симболични. Тие беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните“, велат од ДУИ. „Но, неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и …
Continue Reading
(Видео) Меѓуѕвезден објект се движи низ Сончевиот систем со неверојатна брзина, потврдија научниците
Научниците го потврдија откривањето на третиот познат меѓуѕвезден објект кој влегол во Сончевиот систем. Објектот, кој моментално се движи со 245.000 километри на час, првпат беше откриен од Системот за рано предупредување за астероиди (ATLAS) на 1 јули. Сега е официјално класифициран како 3I/ATLAS, потврдија Центарот на НАСА за студии на објекти во близина на Земјата и Меѓународната астрономска унија …
Continue Reading
Министерот за финансии на САД: 100 земји би можеле да се соочат со реципрочни царини од 10 проценти
Околу 100 земји веројатно ќе бидат погодени со реципрочна царина од 10 проценти, изјави вчера американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „поплава од трговски договори“ пред крајниот рок за договор на 9 јули, по што царините би можеле нагло да се зголемат. „Ќе видиме како претседателот сака да се справи со преговарачите, дали е задоволен дека преговараат …
Continue Reading
СЗО препорачува зголемување на цените на тутунот, алкохолот и засладените пијалоци за 50%
Светската здравствена организација (СЗО) ги повикува земјите да ги зголемат даноците на засладените пијалоци, алкохолот и тутунот за 50 проценти во следните 10 години за да се справат со хроничните проблеми со јавното здравје. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека овој потег ќе помогне во намалувањето на потрошувачката на овие производи, кои го зголемуваат ризикот од болести како што …
Continue Reading
(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп
Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени области и цивилна инфраструктура. Нападите предизвикаа пожари во неколку делови од Киев, соопштија локалните власти. Нападот се случува помалку од 12 часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Според градските власти, погодени се …
Continue Reading
Американската војска испраќа 200 маринци во Флорида за поддршка на имиграциските служби
Американската војска објави дека ќе испрати 200 маринци во Флорида за да обезбедат административна и логистичка поддршка на Службата за имиграција и царина (ICE). Маринците се првиот бран поддршка од Северната команда на САД за мисијата на агенцијата за справување со нелегалната имиграција, се вели во соопштението. Додадено е дека нивната улога ќе се фокусира на административни и логистички задачи …
Continue Reading
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Continue Reading
(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се
Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија дека наутро целосно ќе го блокираат сообраќајот во сите поголеми градови во Србија – во Нови Сад од 6 часот наутро, во Чачак во 6:30 часот наутро, во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Пазар од 7 часот наутро. „Кога Уставот …
Continue Reading